Петти вселенски собор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Петти вселенски собор
Дата 553
Прифатен од Римокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие
Претходен собор Четврти вселенски собор
Следен собор Шести вселенски собор
Свикан од Император Јустинијан I
Заседаван од Евтихиј Константинополски
Присуство околу 160
Хронологија на одржување

Петтиот Вселенски собор (грчки: Η Ε΄ Οικουμενική Σύνοδος; Δεύτερη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Втор Константинополски собор) бил наречен соборот кој се одржал од 5 мај до 4 јуни 553 година во Константинопол, во време на императорот Јустинијан I (527-565). На овој собор не се зборувало за некоја нова ерес, туку на нов начин се разгледувани проблемите со монофизитите, несторијанците и оригенистите. Императорот направил обид да ги врати монофизитите во црквата. За таа цел, била одржана средба на православни и монофизитски богослови во 532 година. За монофизитската страна било несфатливо осудувањето на Несториј Константинополски од страна на црквата, а одбегнувањето на предавање на осуда на неговиот учител, Диодор Тарсиски, како Теодор Мопсуетски и Иво Едески[1], кои јавно го поддржале Несториј. Црквата направила исчекор, и прифатила повторно подетално да расправа за овие три личности од петтиот век, еден век подоцна.

На овој собор присуствувале 160 Отци. Најстарите од нив биле: Евтихиј Константинополски, Аполинариј Александриски, Домн Антиохиски и Дамјан Созополитски. Соборот ги потврдил осудите на несторијанската и монофизитската ерес, донесени на Третиот и Четвртиот вселенски собор.

Наводи[уреди]

  1. Давитковски, Петар (1987). „Историја на христијанската црква II дел“. Скопје: Скопје.