Историја на христијанството

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанизам
Христоделфијани
Единствен Пентекостализам


Историјата на христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква, чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет Апостоли сè до ден денеска. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три одделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Инаку, постојат и разлики помеѓу различните христијански вери во однос на Светото Тројство и човечката природа на Исус. Овие разлики продолжуваат и ден денес.

Во многу христијански вероисповеди, црквата се разбира како теолошка институција која била основана од Исус за спас на човештвото. Ова разбирање се споделува помеѓу католичката и православната црква. Во католичката традиција, католичката црква го претставува Телото на Христос[1] [2], додека протестанската смета дека Телото на Христос го сочинува целиот христијански народ. Според други, црквата претставува место за собир на верниците на едно место и нивно обединување.

Историјата на христијанството започнува во 1 век во Ерусалим. Како државна религија за прв пат била воведена во Ерменија во 301 или 314 година, во Етиопија во 325 година, Грузија во 337 година, Римска империја во 380. Во текот на својата историја, христијанството се раширило скоро по целиот свет и денеска, таа е најголемата религија со најмногу верници на светот. Во својата историја, дошло и до различни религиозни спорови и тие довеле до создавање на различни гледања на христијанството. Денес, најголеми христијански цркви се Римокатоличка црква и Православната црква.

Содржина

Животот на Исус[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Исус Христос.
Исус Христос,[3] 3 век.

Многу научници денеска се согласни дека Исус е роден од еврејката Марија во 6 п.н.е. или 4 п.н.е. во градот Витлеем и дека живеел во Назарет, а на кратко во Египет. Многу научници исто така се согласуваат ѝ дека Исус своето мисионерство го започнал на околу триесет години, кое го вклучува и ангажирањето на апостолите, кои го прифаќаат како чудотворец, исцелител и Син Божји. Тој бил распнат на крст во 33 година во времето на Понтиј Пилат[4] и по неговото распнување,[5] .[6] тој бил погребан во гроб[7][8] .

Христијаните веруваат дека по три дена од неговата смрт, Исус и телото воскреснале од мртвите, и дека празната гробница ја сметаат за историски факт[9] . Неговите следбеници пишуваат дека тој им се јавил на учениците во Галилеја и Ерусалим, и дека Исус на земјта останал уште четириесет дена пред неговото Воскресение, оставајќи порака дека повторно ќе се врати. Основните податоци од животот и делото на Исус доаѓа од четирите евангелија и делата на Апостол Павле.

Рано христијанство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Рано христијанство.

Раното христијанство се однесува на периодот кога започнало распространувањето на новата религија во грчко-римскиот свет и надвор од него во периодот од 1 век до неговото воведувањето како државна религија од страна на Константин I Велики во Римската империја во 313 година и Првиот Вселенски собор во Никеја во 325 година. Раното христијанство може да биде распределено на два периоди: апостолски период, кога апостолите проповедале на различни места, и поаспостолски период кога религијата била распространувана од страна на бискупите на новата црква.

Апостолски период[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Апостолски период.

Апостолскиот период, познати ѝ како примитивен, бил воден од страна на директните следбеници на Исус и неговите апостоли.[10] Според Големата Комисија, Исус заповедил на учениците да го распространат неговото учење низ целиот свет. Основен извор на информација за тој период се Делата на Апостолите, кои даваат претстава за Педесетница, за Ерусалимската црква[11], како и за прифаќањето на христијанството на Апостол Павле и неговите посланија. [12]

Исус Христос проповедел главно пред еврејскиот народ, повикувајќи ги да тргнат по неговиот пат. Овде пишува и за првите Седумдесет апостоли. Во тој период на многу евреи им било забрането влез во синагогите. Актите пишуваат за мачењето на Свети Стефан и на Апостол Павле. Така, христијанството добило идентитет кој се разликувал од јудаизмот. Изворите за верувањата на апостолите се вклучени во Новиот Завет кој е сочинет од четирите евангелија. Најраните христијански списоци се базираат околу празната гробница на Исус и Воскресението.

Еврејско гледиште[уреди]

Раното христијанство во практика се засновало на јудаизмот. Многу еврејски написи биле вклучени во Стариот Завет. Христијанството прифатило и многу еврејски обичаи, како крштевање,[13], литургично поклонување вклучувајќи го и користењето на темјанот, олтар, користење на црковна музика, молитви, религиозен календар, исклучиво машко свештенство и.т.н. Обрежувањето било отфрлено од Ерусалимскиот собор од политички причини (за полесно ширење на верата), Првиот Вселенски собор. Раните христијани верувале во Јахве како единствениот вистински Бог, Бог на Израел а Исус Христос за Месија. Според Алистер Мекграт, во почетокот многу еврејски христијани кои биле целосно религиозни се разликувале само по прифаќањето на Исус како Месија.[14]

Поапостолски период[уреди]

Од самиот почеток, христијаните станале објект на различни прогони. Тоа започнало со смртта на Свети Стефан и Апостол Јаков. Меѓу првите прогони од историјата на христијанството се случила во 64 година во времето на Нерон и големиот пожар во Рим. Овој период се однесува на времето по смртта на апостолите и времето кога епископите се наложиле како водачи на христијанското население. Овој обичај кој започнал во текот на прогонувањата на христијаните продолжува и со неговата легализација и неговото воведување како државна религија во Римската империја од страна на Константин I Велики. Со ширењето на христијанството дошло до придобивање на нови членови кои биле добро образовани.

Христијанската уметност се појавила малку покасно. Првите христијански слики се појавиле околу 200-та година, но постојат и докази кои тврдат дека т.н. мали домашни икони биле користени и многу порано. Во почетокот сите овие слики или икони биле забранети. Најраните катакомби и саркофази датираат од почетокот на 3 век.

Улога на раното христијанство[уреди]

Дева и дете. Насликани во катакомба, Рим, 4 век.

Новиот Завет зборува за важноста и поддршката околу толкувањето и прифаќањето на христијанството. Всушност, во раната црква главната задача на епископите им била да ги оттргнат од верниците т.н. лажни пророци кои проповедале низ народот (подоцна наречени ереси). Наследниците биле предупредени и од самиот Исус (Марко 13:21-23). Според христијанската православна апологија и литератот Џилберт Честертон, во раната црква, односно во времето на Исус и по него немало значителни разногласија околу прифаќањето и толкувањето на верата. Тој пишува дека сите апостоли само ја продолжиле мисијата на Исус. Тоа било продолжено и од страна на нивните наследници, пред се Игнатиј Антиохиски, Иринеј Лионски, Јустин Филозоф и Поликарп Смирнски.

Најраните и најголеми противречија биле сврзани околу природата на Исус, односно околу неговата божественост или човечност. Докетизмот ја застапува тезата според која Христовото тело било само привид (грч: κατα το δοκειν) и илузија, па според тоа и распнувањето и смртта на Исус биле привидни. Според дуализмот, реалноста е составена од две спротивставени дела: материја разгледувана како зло, и Духот прифатен како добро.

Библиски канони[уреди]

Фолијо од Папирус 46, од 3 век.

Библиските канони претставуваат збир од христијански книги кои ја сочинуваат христијанската Библија. Раната црква го користела Стариот Завет[15]. Апостолските творби, посебно четирите евангелија се најраните христијански закони[16]. Посланијата на Апостол Павле како канонизирана форма биле прифатени кон крајот на 1 век[17]. Јустин Филозоф се споменува во „мемоарите на апостолите“ во почетокот на 2 век. Ориген кон 200 година ги спомнал 27-те книги и покрај тоа што имало многу противоречности помеѓу христијаните и евреите. Мураторискиот фрегмент покажува дека до 100 година веќе постоеле голем број на христијански книги, кои подоцна биле вклучени во Новиот Завет, заедно со четирите евангелија[18]. Како целина, во раната христијанска црква, каноните биле прифатени од скоро сите христијански верници[19].

Во искажувањето на Атанасиј Александриски од 367 година, тој напишал список на апсолутно сите книги кои биле вклучени во Новиот Завет[20], користејќи го зборот канонизација врз книгите[21]. Африканскиот Синод во 393 година ги прифатил книгите од Новиот Завет[22]. Папа Дамасиј I во 382 година му дал инструкции на Јероним Стридонски во започнувањето со преводот на Библијата на латински јазик[23] [24]. Преводот се смета за најдобар на латински јазик и е познат како Вулгата. Папа Инокентие I во 382 година издал библиски канон идентичен на претходниот.[25]

Рана организација на христијанството[уреди]

  Ширење на христијанството до 325 година
  Ширење на христијанството до 600 година

Ерата на христијанството во доцниот антички период започнува со пренесувањето на престолнината на империјата од Рим во Константинопол (тогашен Византион) од страна на Константин I Велики во почетокот на 4 век, а периодот завршува со појавата на Средниот век (односно станува збор за периодот од шестиот век). Ова се смета дека е еден од најважните моменти од христијанската историја, поради фактот што Константин I за христијанството најпрвин го легализирал, а подоцна го вовел како државна религија.

Легализација на христијанството[уреди]

Императорот Галериј во 311 година бил еден од последните императори кои извршиле прогон на христијанското население од империјата[26] . Константин I Велики и Лициниј во 313 година го издале т.н. Милански едикт, со кое христијанската вера се прогласила за рамноправна религија во империјата. Константин станал првиот христијански император кој лично ја прифатил новата религија. До 391 година, во времето на владеење на императорот Теодосиј I, христијанството станало најраспространета религија во Римската империја.

Константин I и христијанството[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Константин I и христијанството.

Христијанската свест на Константин Велики му била наложена од неговата мајка, Света Елена. Денес, постои научен спор за тоа дали Константин христијанството го примил во младоста, во текот на својот живот или непосредно пред смртта.[27].

Според христијанските тврдења, Константин Велики најмногу ја прифатил тезата на верата по Битката на Милвианскиот мост. Константин пред битката погледнал нагоре кон сонцето и видел голем светлосен крст со натпис на грчки: "ΕΝ ΤΟΥΤΩ ΝΙΚΑ" По ова, Константин наредил штитовите на секој војник да се украсат со христијански симбол (Чипо)[28] . Во битката, Константин излегол на крај како победник и завладеал со целата империја. Колку Константин го прифатил христијанството во тој период е тешко за објаснување. Највлијателните соработници на Константин сѐ уште биле со пагански обичаи. На римските монети, кои биле направени по осум години по Битката на Милвианскиот мост, сѐ уште биле насликани римските богови[29].

Константин I Велики

Константин Велики има голема улога во историјата на христијанството. Тој е еден од главните финансиери на црквата, изградил многу базилики, ја ослободил црквата од многу даноци и на тој начин го помагал распространувањето на христијанството. Во периодот од 324 до 330 година ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, град кој подоцна во негова чест е наречен Константинопол. Градот го изградил во духот на новата религија со многу цркви и со одбранбени ѕидини. Во Новиот Рим, како што бил нарекуван, не постоеле пагански храмови. Константин бил крстен на смртното легло.

Претходно, во 313 година го издал т.н. Милански едикт со кој го легализирал христијанството. Во 316 година дејствувал како судија во Северна Африка во спорот за донатизмот[30] . Во 325 година го свикал Првиот вселенски собирот во Никеја, каде се дискутирало најмногу околу т.н. аријанство. Царувањето на Константин создало еден вид преседан за позицијата на христијанскиот император на империјата. Императорите себе си се сметале за одговорни пред Бог. Императорот не секогаш се мешал во работата на црквата. Тоа право им било отстапено на епископите.

По легализацијата на христијанството црквата, исто како и империјата можела да се занимава со решавање на другите политички проблеми со кои се соочувала. Најголеми христијански центри станале Рим, Константинопол, Ерусалим, Антиохија и Александрија. Првите два града биле како престолнини на источниот и западниот блок, Рим, место каде Апостол Петар и Апостол Павле биле убиени, Константинопол место каде бил изграден првиот христијански град, Ерусалим како местото каде што Исус Христос бил распнат на крст и местото каде воскреснал, а Антиохија место каде што Исус го ширел христијанството.

Пентархија[уреди]

Пентархија, или „Владеење на петтемина“, влијаела во создавањето на „Петте големи мориња“ или рани Епископии, кои ги претставуваат петте најголеми христијански центри во Средниот Век:

Папство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Папство.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на папството.

Папата е епископ на Рим. Папството има голема улога во распространувањето и во историјата на христијанството. Како прв папа се смета дека претставува Апостолот Петар, кој бил распнат на крст во Рим. Со текот на историјата градот се претворил во главна престолнина на римокатоличката црква која до денес има извршено големо влијание врз развојот на Западна Европа и на Западниот свет воопшто. Посебно по падот на Западното Римско цатство папството се издигнува како врвен авторитет и обединувачки елемент за сите христијани од западниот дел на Европа. Наспроти тоа Константинопол поради своето политичко влијание (бил центар на Источното Римско царство) прераснал во центар на христијанството на Источниот Медитеран кој до периодот на арапските освојувања во Северна Африка претставува дел во кој доминира грчкиот јазик. Со текот на историјата христијаните кои духовно гравитираат кон Константинопол започнале да се идентификуваат со православната црква.

Собири на црквата[уреди]

Мозаик на Јустинијан I
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Седум црковни собири.

Во тоа време биле свикани неколку вселенски собири. Свикувањето најмногу било поради разликите кои се јавувале помеѓу верниците. Двата собири во Никеја во 325 и 382 година го осудиле аријанството, а поддржувачите биле прогласени за еретици. Собирот во Ефес во 431 година го осудило несторијанството и ја потврдила благословеноста на Дева Марија во Света Богородица (Бог-носител или Мајката на Бога). Собирот во Халкидон во 451 година го дефинирал христолишкиот став со кој се разликуваат две природи на Исус, Божествената и човечката. На петтиот вселенски собир одржан во Константинопол во 553 година само го потврдил претходниот став за Христос и неговата природа и пртоа ги осудил оригенистите.

Недоразбирањата помеѓу истокот и западот[уреди]

Разликите во христијанското единство кое довело до Големата Шизма во 1054 година започнало да се чувствува уште во 4 век. Причината за Големата Шизма не се гледало само во духовните разлики, но и во културните, политичките и јазичните разлики. Теолозите чие потекло водело од Западна Европа предимно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е философијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува грчкиот јазик, а додека во западниот латинскиот јазик. За разлика од Коптската и ерменската црква, кои се разделиле во 5 век, источната и западната црква останале подолго лојални кон верата. Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот авторитет - Папата тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторите само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот симбол.

Преместувањето на престолнината од Рим во Константинопол родило ново ривалство. Друга важна причина се разликите во религиозните сваќања. Различностите се формирале во текот на повеќе векови. Во 589 година на соборот на шпанската црква во Толедо бил променет основниот постулат на христијанството - Симболот на верата. Било утврдено дека Светиот Дух произлегувал од Отец и Син, кои се на еднакво рамниште т.е. рамноправни. Во 1014 година, Папа Бенедикт VIII конечно ја утврдил таа идеја. Можеби и малку нејасна, но таа е една од причините за започнување на различијата помегу црквите. Во источната постулатот останал непроменет (се признава само Бог. Отецот и Светиот Дух стојат до него).

Со расколот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папите кој Православната црква не го прифаќа. Повеќе од папата го форсираат унијатството: така Папа Пиј IX во енциклопедијата "Litterae ad Orientales" (1848), Папа Лав XIII во "Praeclara Gratulationis" (1894), Пиј во "Rerum Orientalis" (1928) и "Lux veritas" (1931). Во декември 1854 година, Папа Пиј IX, папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis". Во 1894 година, папа Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во 1950 година, во ноември папа Пие ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на Дева Марија (во апостолската конституција ,,Munificentissimus").

Христијанството во Европа[уреди]

Западна Европа[уреди]

Ирска[уреди]

Во почетокот на 5 век на просторот на денешна Ирска и Велс се развила посебна уникатна култура. На овие простори, христијанството било пренесено во времето кога Велика Британија била во составот на Римската империја. Најголем мисионер од тоа време е Свети Патрик, кој го проповедал христијанството на овие простори.

Франки[уреди]

Покрстување на Свети Ремиџис

Христијанизацијата на Галија и франките започнало во почетокот на 5 век. Хлодвиг I е првиот цар кој го прифатил католицизмот. Пред неговата смрт го свикал синодот на галските епископи во Орлеан за да ја реформира црквата и да создаде силна врска помеѓу короната и католичкиот епископ.

Холандија[уреди]

Во 698 година, Свети Вилиброрд бил на мисионерска мисија во денешна Холандија, чија цел завршила со создавање на црква во Утрехт. Неговата работа во преден план заостанала поради разрушувањето на многу христијански храмови во периодот од 716 до 719 година. Во 717 година на помош дошол Свети Бонифациј, кој покасно бил убиен. Денеска, тој е голем светец во Холандија и Германија.

Скандинавија[уреди]

Раната христијанизација во Скандинавија била започната од страна на Ансгар, Епископ на Бремен. Ансгар, бил испратен во Данска во 820 година. Мисијата му се определува како деловно успешна, па по две години бил вратен во Германија. Најголем подем христијанството во Скандинавијата доживеало во времето на Кнаут IV и Олаф I во годините по 1000 година.

Источна Европа[уреди]

Овој период го опфаќа времето од христијанизацијата на Карло Велики до крајот на 15 век, односно до падот на Константинопол во 1453 година, откривањето на Новиот свет и Протестантската реформација во 1515 година. Покрстувањето на Киев во 988 година само го најавило ширењето на христијанството низ Киевска Русија, опфаќајќи ги Украина, Русија и Белорусија.

Русија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Руска Православна црква.

Христијанизацијата на Русија започнала во 10 век. Во периодот од 968 до 1454 година, Цариградскиот патријарх располагал со санкиевските митрополити. Од 1454 година до 1589 година, руската афтокефална црква се раководела од московските митрополити. Руската православна црква е најголемата по бројност православна црква во светот. Црквата во времето на Руската империја била ставена под контролата на Петар I Велики во 18 век. Нејзиното раководно тело е Светиот Синод. Црквата била вклучена во најразлични кампањи на русуфукацијата и антиеврејски дејства.

Во времето на комунизмот, црквата била на некој начин забранета во СССР. Самиот Ленин изјавил дека не постоело место за црквата во Болшевичкото општество. СССР била една од првите држави чија цел била елиминирање на религијата. За да ја постигне таа цел, комунистичкиот режим често пати конфискувал црковни имоти, го вовел атеизмот вo училиштата, ги прогонувале верниците, свештениците биле испраќани по затворите и биле рушени многу цркви. Така, по пет години од револуцијата, 28 епископи и 1200 свештеници биле егзекутирани. Во периодот од 1927 до 1940 година, бројот на православните цркви се намалил од 29.584 на 500, 130.000 свештеници биле уапсени од кој 95.000 убиени.

Во времето кога Нацистичка Германија го нападнала СССР во 1941 година, Јосиф Сталин ја повикал Руската православна црква да ја подкрепи руската армија, Така, од завршувањето на војната до 1957 година, 22.000 руски православни црква биле повторно активирани. Никита Хрушчов ја започнал својата кампања против црквата, и околу 12.000 цркви биле затворени. Веќе во 1985 година, во СССР останале само околу 7.000 активни цркви. Многу од членовите на црквата биле во голема приврзаност со КГБ.

Балкан[уреди]

Македонија[уреди]
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Македонија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонска Православна Црква.

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и шири апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од апостол Павле работат на христијанизација на овие простори.

Споменик на Свети Кирил и Методиј во Чешка

Во 800 година Западна Европа била скоро целосно христијанизирана. Во Источна Европа се оставило место за мисионерска дејност. Така, најпознати мисионери се браќата Кирил и Методиј кои успешно го расшириле христијанството сред словенските народи. Една од најголемите заслуги е и создавањето на Глаголицата и преводот на Библијата на словенски јазик. На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму ја распространле и ја утврдиле православната вера, умножувајќи голем дел од книгите. Подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде што Кирил починал. Тогаш Методиј се вратил на Балканските простори каде веќе привршувало христијанизирањето на србите, македонците. Мисијата на Св. Кирил и Методиј била продолжена од страна на нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски Чудотворец. Градот Охрид бил претворен во еден од најголемите религиозни центри на Балканот.

Бугарија[уреди]
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Бугарија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Бугарска Православна Црква.

Во Бугарија, христијанството било воведено од страна на Борис I, кој побарал дозвола од Цариградската патриаршија за самостојна Бугарска партиаршија но му било откажано. Во резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Бугарските емисари биле примени со голема радост во Ватикан. Папата испратил во Бугарија двајца римски епископи, од кои Борис го избрал епископот Формоза да биде Бугарски патриарх. Во 867 година нови бугарски пратеници отишле во Рим со молба папата да го ракоположи Формоза за патриарх. Папа Николај I откажал, но на 13 ноември 867 година неочекувано умрел. Новиот папа Адриан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.

Борис повторно се обратил кон Константинопол со истата молба и на Осмиот Вселенски Собор (869-870 год.) се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „митрополит на Драстар“ бил поставен гркот Георги. Тој бил потчинет на Цариградската патриаршија.

Христијански движења и појави[уреди]

Иконоборство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Византиско иконоборство.

Иконоборството како движење во Источното Римско царство се појавило во почетокот на 8 век, по поредица големи војни против муслиманите. Императорот Лав III Исавер во периодот од 726 го назначил почетокот на оваа уметност. Меѓу првите икони била онаа на ликот на Исус Христос на влезот од Големиот Дворец во Константинопол. Ова било осудено од страна на Папа Григур III[31]. Неговото движење уништило голем дел од иконите на ранохристијанската црква. Но, на седмиот вселенски собор од 787 година, било решено повторно да биде вратена иконата во христијанските храмови.

Монашко движење[уреди]

Од 6 век на натаму, поголем дел од манастирите во Западна Европа биле зафатени од т.н. Бенедиктински орден, наречено по Бенедикт Нурсијски кој во 529 година го примил монаштвото. Така, Клуниската катедрала била признаена во западниот свет за лидер на монаштвото во касниот 10 век. Членови на монаштвото биле и државници на меѓународно ниво. Манастирот станал најпрестижена и најталентирана монашка институција во Европа. Институцијата била под раководство на Норманската црква. Следната монашка реформа била создадена од т.н. цистерцити. Првиот монашки орден бил создаден од страна на Роберт Молесмо во 1098 година во Cîteaux Abbey.

Борба за инвеститурата[уреди]

Спорот за давање на полномоштво се одвивал помеѓу Папа Григур VII и Хенри IV. Како основен проблем бил тоа кој да ги назначува епископите и последователно кој да ги контролира, папата или империјата. Во крајна сметка, конфликтот завршил со победа на папата. Како главна причина за побебата на папата се гледа во големото доверие кое му било пружено од страна на селското население. Оваа победа на папството му осигурува голема превласт над територијата на Западна Европа и можност за започнување на крстоносни војни.

Крстоносни војни[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Крстоносни војни.

Крстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква и папата. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата[32].

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, турците - селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“.

Точниот број на крстоносните походи сѐ уште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле спроведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична од онаа во текот на Средниот век.

Исихазам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Исихазам.

Исихазам е движење кое дошло до израз особено во 14 век во Света Гора и други манастирски места во Мала Азија како и на Балканскиот полуостров. Еден од најпознатите проповедници на ова учење е Григориј Палама, основајќи манастир на планината Странџа. Во него членувале многу монаси од Византија, Македонија, Бугарија и Србија, каде се запознале за практиката на исихазмот. Според ова учење, највашното средство за вистинска богослужба е постојаната молитва. Првиот услов се состои од вистинската молитва која се одвива со големо внимание, при кое умот се концентрира во срцето. На практика, се повторува т.н. Исусова молитва “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј“.

Во Византија, исихасти се нарекуваат монасите кои животот го поминуваат во молитва и самосттално. Во 16 век, исихизмот се превраќа во широко распространето монашко учење, кое си поставува за цел создавање на врска помеѓу човекот и Бог. Исихистите проповедаат дека единствено преку Господ може да се постигне определената цел. Тоа вклучува поставување на телото во специјална положба, за миг задржување на дишењето и непрекинато преповторување на Исусовата молитва.

Изолација од Западот[уреди]

Во 1453 година, Константинопол паднал во рацете на Османлиите. Во меѓувреме, Русија се наложила како најголема православна држава во светот, со статус на афтокефалност и по тој начин Москва била нарекувана “Трет Рим“ како културен наследник на Константинопол. Како резултат од османлиското завладување на Византија во 1453 година и падот на Константинопол, целато православно општество на Балканот и Блискиот Исток наеднаш биле изолирани од Западна Европа. Во следните четиристотини години, христијанското население на овие простори ќе биде ограничено во рамките на исламскиот свет, религија со која се намa никакви допирни точки. Руската православна црква останала единствената од православното општество надвор од границите на Османлиската Империја.

Христијанството во Османлиската империја[уреди]

Новата османлиска власт која се проширила на територијата на поранешна Византија не била ниту примитивна ниту варварска. Исус Христос во исламот е почитуван како голем пророк. Како таква, администрацијата на христијанската црква не престанала со своето работење. Едно од првите нешта којшто Мехмед II дозволил за христијанското население во империјата било правото тие да избираат нов патријарх. Тој бил Генадиј Сколариус. Во црквата Света Софија во Цариград и акрополот во Атина, кои претставувале едни од најголемите христијански храмови, биле претворени во џамии. Ова им се случило и на безброј други христијански цркви по најразлични места во Османлиската империја.

Аја Софија, претворена во џамија

Во империјата, според исламското право, не се разграничувала националноста од религијата, туку едноставно сите биле нарекувани христијани како нација. Патријархот бил раководител на целиот христијански народ. Тоа означува дека сите христијански цркви во рамките на империјата биле под контрола на Константинопол.

Но, и покрај овие привилегии кои ги имале христијаните, сепак во многу услови им било спречувано правото на религиозна вероисповед, и на тој начин се сметале како граѓани од втор ред. Целата османлиска корупција и насилие биле секојдневие сред христијанското население во Османлиската империја. Постојат многу случаи кога голем дел од христијаните биле насилно “потурчувани“. Во времето на османлиското владеење, нема изградено ниту една црква, а со тоа било прекратено и духовното образование на христијаните. Во рамките на империјата, православната црква била изложена на големи даноци кон државата.

Данок во крв[уреди]

Данокот во крв или девширме се изразувало во периодичното наслино собирање на децата од машки пол од потчинените христијански народи во Османлиската империја во нивната петгодишна возраст. Овој данок бил воведен во времето на Бајазит I во 14 век и продолжил се до 18 век. Децата биле водени во Анадолија, во муслимански семејства, каде биле потчинети на голема исламска пропаганда, како и тежок физички труд. Оние деца, кои успевале се испраќале во касарните во Цариград, Едрене и Бурса. Честопати се нарекувани и јаничари.

Западната шизма[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Западна шизма.
Европа во времето на Западната шизма

Западната шизма, позната и како Папска шизма е раскол во католичката црква во 1378 година. По смртта на Папа Григур XI, изборот на нов папа се одвивало во многу напрегнета атмосфера. Многу кардинали, кои биле со потекло од Франција сакале престолнината да ја вратат во Франција, а италијанските кардинали сакале новиот папа да биде италијанец со седиште во Рим. На 8 април 1378 година, една толпа го превзела дворецот на зградата каде што се заседавало за изборот на нов папа. На овој начин, бил избран новиот папа Урбан VI. По ова, француските кардинали изборот го објавиле како неважечки и го повикале новиот папа да се откаже од престолот. За папа тие го избрале Папа Климент VII. Од друга страна пак, и папа Урбан VI не го признавал легимитетот на Климент и создал свој сопствен кардиналски совет.

Така бил ставен почетокот на големата западна шизма која продолжила 40 години. На страната на папа Урбан VI застанале Германија, Италија, Полска и Скандинавија а на страната на папа Климент VII застанале Франција, Шпанија и Португалија. Се смета дека законскиот папа била Урбан, а Климент бил т.н. антипапа. Во одлуката да се врати во Рим, врз папата големо влијание имала и Катерина Сиенска, која проповедала враќање во Рим. Со враќањето во Рим (1378) започнало ново прекинување на папата и во Рим и во Авињон. Тое са нрекува Западна шизма, која завршила дури во 1417 со неколку совети, меѓу кои и оној во Констанца. Резултат на ова било воспоставувањето на црковни совети, кои имаат поголема власт од папата. Сепак тоа не валадеело долго по 1417. За нов папа бил избран Папа Мартин V.

Ренесансата и црквата[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ренесанса.
Поврзано: Хуманизам

Ренесансата е период на многу културни промени и постигнувања, одбележени најпрвин во Италија. Ренесансата се карактеризира со класична ориентација на богатството преку меркантиската трговија. Градот Рим, папството и папските членови биле многу засегнати од ренесансата. Ренесансата е време кога биле создадени големи архектонски дела, а најголеми уметници од тоа време се Микеланџело, Рафаел Санти, Донатело, Леонардо да Винчи, Донато Браманте, Филипо Брунелески и други.

Во средниот век, папата се претворил во една од најважните светски фигури. Неговата големина била споредувана со онаа на Гај Јулиј Цезар. Во времето на ренесансата, по налог на папата биле изградени многу цркви, мостови кои функционираат до ден денес. Една од најпознатите градби од тоа време е Базиликата Свети Петар во Рим.

Протестантска реформација[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Протестантска реформација.
Поврзано: Протестантство
Реформацијата и Противреформацијата во Европа. Протестантските земји се обоени со сина, католичките со маслинеста боја.

Во почетокот на 16 век, се создало движење против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер и Улрих Цвингли во 1517 година. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква. Повод за почеток на борбата за реформа на католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на Базиликата Свети Петар во Рим. Во 1517 година на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатсво, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот Папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како Ерес и побарал Лутер да се откаже од 95-те тези.

Лутер го одбил барањето, а Папата со папска була (писмо) го исклучил од Католичката црква. Лутер не се уплашил од заканите на Папата, и јавно ја изгорел папската була на плоштад, како резултат на што дошло до раскнување на врските меѓу Лутер и Папата. Учењето на Лутер брзо се ширело низ цела Германија опфаќајки ги сите слоеви на општеството. Преку реформа на црквата богатото граѓанство барало евтин а црква која би ги штитела нивните интереси, кнезовите барале одземање на имотите на Католичката црква, и таа да биде потчинета, а селаните и сиромашните граѓани барале освен црковна и реформа во општеството, да се ослободат од феудалната експлоатација. Меѓутоа Реформацијата имала и свои противници. Освен папата, еден дел од благородништвото на чело со императорот не го прифатиле учењето на Лутер. На соборот во Вормс 1521 г. тоа било забрането, а Лутер бил прогонет. Тој се засолнал кај германските кнезови кои биле приврзаници на Реформацијата.

Мартин Лутер[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мартин Лутер.
Поврзано: Лутеранство
Мартин Лутер

Мартин Лутер е водачот на Реформацијата во текот на 16 век, агустијански монах и професор на универзитетот во Витенберг. Тој го поттикнал христијанскиот народ во Западна Европа да се спротистави на Римокатоличката црква и папската доминација врз христијаните, која во тој период живеела на грбот на нејзините верници, воведувајќи меници за откупување на гревовите. Во 1517 година, јавно ги изнесе 95-те тези за реформа на црквата, што доведе до широко народно движење против папската власт и томизмот. Всушност, движењето беше насочено против феудалното општествено уредување, на кое црквата му даваше организациона форма. Кога реформацијата доведе до селанска војна против феудализмот во 1525 година, Лутер направи се движењето да биде задушено. Во 1520 година тој бил осуден за ерес од папата. Во 1521 година Мартин Лутер ја превел Библијата на германски јазик.

Улрих Цвингли[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Улрих Цвингли.
Улрих Цвингли

Улрих Цвингли е водач на Реформацијата меѓу германското население во Швајцарија. Тој заедно со Жан Калвин којшто го ширел движењето меѓу француското население е од големо значење за отфрлање на влијанието на католичката црква во Швајцарија. Во 1519 Цвингли станал свештеник во Гросминстер во Цирих каде што започнал да размислува за реформи во црквата и нејзиното влијание. Тој во 1522 година за прв пат јавно ја обвинил католичката црква и тоа за време на 40 дневната годишна литургија. Во своите обвиненија тој го потенцира постоењето на корупција во црковната хиерархија, религиозните бракови, како и култот кон магии за време на одржувањето на богослужбите. Во 1525 тој вовел комунални литургии со цел да го прекине одржувањето на масовните литургии на католичката црква. Меѓутоа тој не се согласувал со сите реформаторски крила,па тој имал судири со Анабаптистите. Идеите на Цвингли биле внимателно следени и од Мартин Лутер и останатите реформатори, па тие се сретнале во Дворецот Марбург кадешто сепак не постигнале согласност за обединување на христијаните. Во 1531 година алијансата на Улрих Цвингли подготвила штрајк со глад против католичката црква, меѓутоа обидот бил без успех бидејќи движењето не било доволно подготвено во Цирих. Улрих Цвингли бил убиен на возраст од 47 години.

Жан Калвин[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Жан Калвин.

Жан Калвин e верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Тој вовел строги норми: ги намалил забавите и театарските претстави, забранил жените да носат обетки и свилен фустани итн. Имoтите на манасирите ги конфискувал. Следбениците на Калвиновоото учење биле хугенотите во Франција, а во Англија - пуританците. Починал во Женева, на 27 мај 1564 година.

Англиска реформација[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Англиска реформација.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Граѓанска војна во Англија.
Хенри VIII

За разика од другите реформски движења, англиската реформација започнала под кралско влијание. Хенри VIII себе си се сметал за старателски католички крал, и во 1521 година тој го заштитил папството против Мартин Лутер. Но и покрај тоа, кралот влегол во конфликт со папството, кога тој посакал да го анулира својот брак со Катерина Арагонска. За ова следувало папска санкција. Спорот довел до прекинување на односите со Рим и до создавање на декларација за кралот на Англија, како глава на Англиканската црква.

Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на Мери I, но Елизабета I била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на протестанска црква. Со таа цел во 1559 парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од римокатоличката, се исклучувало читањето на името на папата и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во брак, се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на Англиканската црква. Актот се соочувал со голем отпор во Горниот дом како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на Англиканската црква.

Контрареформација[уреди]

Контрареформацијата или католичката реформација била религиозно-политическо движение во Европа како реакцијата на Римокатоличката црква против протестанската реформација, односно враќање на католичката вера во местата каде што биле заземени од протестанството. Контрареформацијата завршила со Трентскиот собор. Се обновила дејноста на инквизицијата. Во Европа, оваа реформација на некои места доживеала успех, но не целосен.

Трентски собор[уреди]

Трентски собор

Трентскиот собор е вселенски сабор на Римокатоличката црква кој траел со прекратувања од 13 декември 1545 до 4 декември 1563 година. Соборот се свикал за да расправа околу реформацијата во Западна Европа. Водачи на соборите биле три папи: папа Павле III, папа Јулиј III, папа Пиј IV. Овој собор е еден од најважните во историјата на римокатоличката црква, на кое било дефинитивно разграничена религиозната теорија и практика на католизмот од оние на протестанството.

Големи географски откритија (1492-1769)[уреди]

Големите географски откритија започнале во 1492 од страна на Кристофер Колумбо. Таа се карактеризира со европската колонизација на мисионерска дејност.

Христијански мисионери[уреди]

Католизам[уреди]

Во времето на големите географски откритија, римокатоличката црква пратила редица мисионери во Северна Америка и Јужна Америка и други колонии, се со цел да се распространува христијанството во Новиот Свет. Во мегувреме, мисионери како Франсиско Ксавер, организација Исусовци, Фрањевци и други се придвижувале кон Азија. Португалски мисионери имало и во Африка.

Протестанство[уреди]

Најпознатата колонизација во новиот свет е онаа на англичанското пуританството во Северна Америка. За разлика од шпанските и француските колонисти, англичанското не се справило според очекуваното.

Француска револуција[уреди]

Се смета дека Француската револуција како историски период започнува во 1789 година, со состанокот на Националното собрание и освојувањето на Бастилја, а завршува околу 1799, со државниот преврат на 18 бример (9 - 10 ноември 1799) од страна на Наполеон Бонапарт. Во следните 75 години, Франција ќе биде управувана како република, диктатура, уставна монархија и империја. Исто така, револуцијата ќе создаде трајна поделба помеѓу приврзаниците на револуционерните идеи и бранителите на стариот режим, помеѓу антиклерикалците и католичката црква.

Ревивализам (1720–1906)[уреди]

Ревивализмот е движењe кое било создадено во Северна Америка и кое довело до развивање на евангелистичките правци: Конгрегационализам, Баптизам, Методизам, Презвитерианство.

Современо христијанство[уреди]

Фашизам и нацизам[уреди]

Фашизмот е политички режим кој се појавил во 20 век во Западна Европа, посебно во Германија со лидер Адолф Хитлер, Италија со Бенито Мусолини и Шпанија со Франчиско Франко. Положбата на христијаните во нацистичкиот фашизам била многу сложна. Католичките свештеници биле екзегутирани во концентрационите логори заедно со евреите. Така на пример, во Дахау биле затворени 2.600 свештеници, од кои 2.000 егзекутирани, како и 2.700 полски свештеници и 5.350 монахини кои или биле раселени или лишени од слобода. Наспроти ова, голем дел од протестанските лутерански цркви ја подржиле Германија.

Модернизам[уреди]

Слободното, односно либералното христијанство е теорија која опфаќа различни философски, информатички, религиозни движења кон крајот на 20 век. Зборот “либерален“ не се однесува за лево ориентираните политички партии или убедувања во Европа, а поскоро за слободата на логичниот аргументиран процес, поврзан со континенталната философија и другите философски и религиозни парадигми. Либералното христијанство, општо кажано е метод на библиска херманевтика, еден индивидуален начин на разбирање на Бог преку литературни дела, при кое се предлагаат да се користат сите древни списоци. Овде се претендира кон толкувањето на она кое е напишано или било напишано некогаш во минатото.

Екуменизам[уреди]

Екуменизмот до голем степен се однесува до движењето на христијанските групи и нивното обединување преку дијалог. Во превод, екуменизам значи универзално единство. На Вториот Ватикански собор била разгледувана идејата на обединување на христијанските цркви во едно сеопфатно религиозно општество, како е во обединување на сите религии и религиозни народи во името на мирот и спокојството на човештвото и новиот светски ред,

Наводи[уреди]

  1. Катихизис од Римокатоличката црква
  2. Pius XII Mystici corporis Christi
  3. "The figure (…) is an allegory of Christ as the shepherd" Andre Grabard, "Christian iconography, a study of its origins", ISBN 0-691-01830-8
  4. Р. Е. Браун,Death of the Messiah: From Gethsemane to the Grave(Њујорк: Doubleday, Doubleday, 1994) стр. 1240–1241; С.Џ.Д. Кохен From the Maccabees to the Mishnah, Westminster Press, 1987, стр. 78, 93, 105, 108; М. Грант,Jesus, An Historian's View of the Gospels(Њујорк: Scribner на 1977) п. 34-35, 78, 166, 200; П.Фредриксен,Jesus of Nazareth, King of the Jews(Алфред А. Кнуф, 1999) п. 6-7, 105-110, 232-234, 266; Джон стр. Meier,A маргинал юдеина(Doubleday, 1991) об. 1 п. 68, 146, 199, 278, 386, и об. 2 стр. 726; Г. Вермс,Jesus the Jew (Филаделфија: Fortress Press 1973), стр. 37.; П.Л. Маер,In the Fullness of Time(Крегел, 1991) п. 1, 99, 121, 171; Н.Т. Рајт,The Meaning of Jesus: Two Visions (HarperCollins, 1998) стр. 32, 83, 100-102, 222; Е.П. Сендерс,The Meaning of Jesus(Penguin Books, 1993); Џ.А.Х. Моран Круз и П.Гербердинг ,Medieval Worlds: An Introduction to European History( (Houghton Mifflin Company 2004), стр. 44-45; Џ.Д. Кросан,The Historical Jesus: The Life of a Mediterranean Jewish Peasant (HarperCollins, 1991) стр. XI-XIII; Л.Т. ЏонсонThe Real Jesus(Сан Франциско: Harper San Francisco, 1996), стр. 123; Рудолф Бултман, Jesus (Берлин: Deutsche Bibliothek, 1926), П. 159. Животот на Исус Христос е под знак прашање во академските дебати.
  5. on death by crucifixion, see L. T. Johnson, The Real Jesus (San Francisco: Harper San Francisco, 1996); John P. Meier, "The Circle of the Twelve: Did It Exist during Jesus' Public Ministry?", in Journal of Biblical Literature 116 (1997) pp. 664–665
  6. R. E. Brown, Death of the Messiah vol. 2 (Garden City, N. Y.: Doubleday, 1994) pp. 1240–1241; J. A. T. Robinson, The Human Face of God (Philadelphia: Westminster, 1973) p. 131 and also J. Kremer, Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte (Stuttgart: Katholisches Bibelwerk, 1977) pp. 49–50; B. Ehrman, From Jesus to Constantine: A History of Early Christianity, lecture 4, "Oral and Written Traditions About Jesus" (The Teaching Company, 2003); M. J. Borg and N. T. Wright, The Meaning of Jesus (San Francisco: Harper Collins, 1999), p. 12; G. Habermas, The Historical Jesus, (College Press, 1996) p. 128
  7. Според Библијата, телото на Исус било погребено од страна на Јосиф Ариматеј
  8. R. E. Brown, Death of the Messiah vol. 2 (Garden City, N. Y.: Doubleday, 1994) pp. 1240–1241; J. A. T. Robinson, The Human Face of God (Philadelphia: Westminster, 1973) p. 131 and also J. Kremer, Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte (Stuttgart: Katholisches Bibelwerk, 1977) pp. 49–50; B. Ehrman, From Jesus to Constantine: A History of Early Christianity, lecture 4, "Oral and Written Traditions About Jesus" (The Teaching Company, 2003); M. J. Borg and N. T. Wright, The Meaning of Jesus (San Francisco: Harper Collins, 1999), p. 12; G. Habermas, The Historical Jesus, (College Press, 1996) p. 128
  9. M. Grant, Jesus: An Historian's Review of the Gospels (New York: Scribner's 1977) p. 176; P. L. Maier, "The Empty Tomb as History" in Christianity Today (March 1975) p. 5; D. H. Van Daalen, The Real Resurrection (London: Collins, 1972), p. 41; Jakob Kremer, Die Osterevangelien — Geschichten um Geschichte (Stuttgart: Katholisches Bibelwerk, 1977), pp. 49–50; W. Craig, "The Disciples' Inspection of the Empty Tomb (Luke 24, 12.24; John 20, 1–10)", in John and the Synoptics, ed. A. Denaux, Bibliotheca Ephemeridum Theologicarum Lovaniensium 101 (Louvain: University Press, 1992), pp. 614–619; W. Craig, "The Guard at the Tomb", in New Testament Studies 30 (1984) pp. 273–281; w. Craig, "The Historicity of the Empty Tomb of Jesus", in New Testament Studies 31 (1985): 39–67
  10. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 51
  11. Католичка енциклопедија: "The baptism of Cornelius is an important event in the history of the Early Church. The gates of the Church, within which thus far only those who were circumcised and observed the Law of Moses had been admitted, were now thrown open to the uncircumcised Gentiles without the obligation of submitting to the Jewish ceremonial laws."
  12. For example, see Catholic Encyclopedia: Acts of the Apostles: OBJECTIONS AGAINST THE AUTHENTICITY: "Nevertheless this well-proved truth has been contradicted. Baur, Schwanbeck, De Wette, Davidson, Mayerhoff, Schleiermacher, Bleek, Krenkel, and others have opposed the authenticity of the Acts. An objection is drawn from the discrepancy between Acts ix, 19–28 and Gal., i, 17, 19. In the Epistle to the Galatians, i, 17, 18, Paul declares that, immediately after his conversion, he went away into Arabia, and again returned to Damascus. "Then after three years, I went up to Jerusalem to visit Cephas." In Acts no mention is made of Paul's journey into Arabia; and the journey to Jerusalem is placed immediately after the notice of Paul's preaching in the synagogues. Hilgenfeld, Wendt, Weizäcker, Weiss, and others allege here a contradiction between the writer of the Acts and Paul." Note that the Catholic Encyclopedia considers the authenticity of Acts to be a "well-proved truth" but nonetheless notes that other scholars disagree.
  13. Jewish Encyclopedia: Baptism: "According to rabbinical teachings, which dominated even during the existence of the Temple (Pes. viii. 8), Baptism, next to circumcision and sacrifice, was an absolutely necessary condition to be fulfilled by a proselyte to Judaism (Yeb. 46b, 47b; Ker. 9a; 'Ab. Zarah 57a; Shab. 135a; Yer. Kid. iii. 14, 64d). Circumcision, however, was much more important, and, like baptism, was called a "seal" (Schlatter, "Die Kirche Jerusalems," 1898, p. 70). But as circumcision was discarded by Christianity, and the sacrifices had ceased, Baptism remained the sole condition for initiation into religious life. The next ceremony, adopted shortly after the others, was the imposition of hands, which, it is known, was the usage of the Jews at the ordination of a rabbi. Anointing with oil, which at first also accompanied the act of Baptism, and was analogous to the anointment of priests among the Jews, was not a necessary condition."
  14. McGrath, Alister E., Christianity: An Introduction. Blackwell Publishing (2006). ISBN 1-4051-0899-1. Page 174: "In effect, they [Jewish Christians] seemed to regard Christianity as an affirmation of every aspect of contemporary Judaism, with the addition of one extra belief — that Jesus was the Messiah. Unless males were circumcised, they could not be saved (Acts 15:1)."
  15. Everett Ferguson, "Factors leading to the Selection and Closure of the New Testament Canon", in The Canon Debate. eds. L. M. McDonald & J. A. Sanders (Hendrickson, 2002) pp. 302–303; cf. Justin Martyr, First Apology 67.3
  16. Everett Ferguson, "Factors leading to the Selection and Closure of the New Testament Canon", in The Canon Debate. eds. L. M. McDonald & J. A. Sanders (Hendrickson, 2002) pp. 301; cf. Irenaeus, Adversus Haereses 3.11.8
  17. Both points taken from Mark A. Noll's Turning Points, (Baker Academic, 1997) pp 36–37
  18. H. J. De Jonge, "The New Testament Canon", in The Biblical Canons. eds. de Jonge & J. M. Auwers (Leuven University Press, 2003) p. 315
  19. The Cambridge History of the Bible (volume 1) eds. P. R. Ackroyd and C. F. Evans (Cambridge University Press, 1970) p. 308
  20. Lindberg, Carter (2006). „A Brief History of Christianity“. Blackwell Publishing. стр. 15. ISBN 1405110783. 
  21. David Brakke, "Canon Formation and Social Conflict in Fourth Century Egypt: Athanasius of Alexandria's Thirty Ninth Festal Letter", in Harvard Theological Review 87 (1994) pp. 395–419
  22. McDonald & Sanders' The Canon Debate, 2002, Appendix D-2, note 19: "Revelation was added later in 419 at the subsequent synod of Carthage."
  23. McDonald & Sanders' The Canon Debate, 2002, Appendix D-2, note 19: "Revelation was added later in 419 at the subsequent synod of Carthage."
  24. Everett Ferguson, "Factors leading to the Selection and Closure of the New Testament Canon", in The Canon Debate. eds. L. M. McDonald & J. A. Sanders (Hendrickson, 2002) p. 320; F. F. Bruce, The Canon of Scripture (Intervarsity Press, 1988) p. 230; cf. Augustine, De Civitate Dei 22.8
  25. Everett Ferguson, "Factors leading to the Selection and Closure of the New Testament Canon", in The Canon Debate. eds. L. M. McDonald & J. A. Sanders (Hendrickson, 2002) p. 320; Bruce Metzger, The Canon of the New Testament: Its Origins, Development, and Significance (Oxford: Clarendon, 1987) pp. 237–238; F. F. Bruce, The Canon of Scripture (Intervarsity Press, 1988) p. 97
  26. Lactantius, De Mortibus Persecutorum ("On the Deaths of the Persecutors") ch. 35–34
  27. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55
  28. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55; cf. Eusebius, Life of Constantine
  29. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55
  30. Richards, Jeffrey. The Popes and the Papacy in the Early Middle Ages 476–752 (London: Routledge & Kegan Paul, 1979) p. 15
  31. Epitome, Iconoclast Council at Hieria, 754
  32. Riley-Smith, Jonathan. The Oxford History of the Crusades New York: Oxford University Press, 1999. ISBN 0-19-285364-3.

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Историја на христијанството“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).