Апостол Павле

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Свети Апостол Павле
Rublev Paul.jpg

Свети апостол Павле на руска икона од Андреј Рубљов, ран XV век
Тринаесетти апостол
Роден(а)   во Тарс
Умрел(а) 64-65,  во Рим
Почитуван(а) во Христијанство
Главно светилиште Црква Сан Паоло фуори ле Мура
Слава
Особини меч

Свети апостол Павле (хебрејски:פאולוס; грчки:Παυλος) е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовитер од Новиот Завет.

Роден е во Тарс во Киликија (денешна Турција) во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.

Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, студент интересирајќи го Талмудот а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прогонувањето на христијаните и убиството на Свети Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.

Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.

По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внесол во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт и Шпанија. Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патување, со кој тој првин во саботите влегувал во синагога за да на евреи|евреите им го сподели евангелие|евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на поганите.

Во 67 година, Свети Павле бил осуден на смрт и егзекутиран во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле егзекутирани на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта му настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолто продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извора, односно на местото на денешниот манастир “Три Фонтани“ кај Рим.

Во неговите посланија, кој се составен дел на Новиот Завет, Свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црква|црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со Апостол Петар и останатите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затварање и прогонување.

Во Римокатоличката црква, неговото име се слави на 29 јуни, заедно со Свети Петар. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата, 29 јуни според јулијанскиот календар, или 12 јули според грегоријанскиот календар.


[уреди] Тој е познат и како човек на виденија. Во Новиот Завет се запишани седум Павлови виденија:

  • видението на Христос (Дела 9:3-6; 26:13-15)
  • видението на Македонецот (Дела 16:9)
  • видението за сведочење (Дела 18:9)
  • видението на предупредување (Дела 22:18)
  • видението за евангелизација на главниот град, Рим (Дела 23:11)
  • видението на охрабрување пред бродолом (Дела 27:23)
  • видението за рајот (2 Кор. 12:1-4)

[уреди] Познати цркви

[уреди] Надворешни врски