Апостол Андреја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Андреј
Икона на Апостол Андреја
Апостол Првоповикан
Роден(а) 1 век, Бетсаида
Умрел(а) сред. на 1 век, Патрас, на т.н. Андреин крст
Почитуван(а) во Христијанство
Слава 30 ноември
Заштитништво Шкотска, Русија, Сицилија, Грција, Романија,
Портал „Светци


Свети Андреј(а) Првоповикан е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Тој е син на Јонин и брат на Свети Петар. Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да стане апостол, Андреја бил ученик на Јован Крстител. Но според Евангелието на Јован, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан[1]. Андреја станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него.Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух. Во своето верување во Исус Христос, го повикува и братот си Свети Петар. Својата вера ја проповедал во Мала Азија, Грузија и Скитија поради кое се сметан за покровител на Романија и Русија. На Пелопонез во градот Патрас излечил многу болни и многу придобил за христијанската вера. Дури ги придобил и братот и снаата на градоначалникот поради што овој наредил да биде распнат на крст но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи 70-годишниот Свети апостол Андреја се мачел пред да испушти душа.

Руската православна црква го почитува како свој основач. Исто така, се смета дека Свети Андреја ја основал црквата и во Византион, денешен Истанбул. Денеска, константинополските патриарси се сметаат за негови директни наследници. За време на владеењето на цар Константин I Велики неговото тело е пренесено од Патрас во Цариград и е поставено во црквата на Светите Апостоли. Подоцна главата му е пренесена во Рим каде што и денес со многу почести се чува во базиликата Св. Петар. Неговиот празник е на 13 декември.

Наводи[уреди]