Википедија:Критериуми за добра статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Патот кон квалитетни статии на Википедија


Вашата прва статијаИнкубатор (критериуми) Кандидати за избрана статија (критериуми) Избрана содржина

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:КЗДС

Кога некоја статија е од добар квалитет, но не ги исполнува целосно критериумите за да биде избрана, тогаш уредувачите ја бележат како добра статија и таа станува дел од инкубаторот на Википедија. Ова им дава на википедијанците прегледност; со дополнителен труд и рецензија, добрите статии можат да станат избрани.

Како статиите се бележат како добри[уреди]

Ако некоја статија ги исполнува минималните критериуми наведени долу, тогаш било кој уредувач може да го додаде шаблонот {{добра}} на дното од страницата, пред категориите. Ова автоматски ја става статијата во Категорија:Википедија:Добри статии и во Википедија:Инкубатор.

Критериуми за добра статија[уреди]

Овие минимални критериуми се предуслов за бележење на статијата како добра:

  1. Целосно ја покрива темата и ги прикажува најважните погледи;
  2. Добро е напишана: текстот има енциклопедиски тон и правилен правопис и граматика;
  3. Има соодветно форматирање (форматиран текст и структура со пасуси, внатрешни и надворешни врски, соодветни шаблони, интервики врски и категории);
  4. Доволно е точна и проверлива со помош на веродостојни извори;
  5. Стабилна е: не е подлежна на големи промени од ден на ден и нема активни уредувачки војни или расправии околку содржината.
  6. Илустрирана е со слики соодветни за темата кои се, по можност, слободни и без проблеми поврзани околу авторското право.

Овие критериуми не се строги. Тие се само еден мал показател за уредувачот да се одлучи дали да ја oбележи статијата. Најмногу од сè, треба да се користи здрав разум.

Разлики меѓу добра и избрана статија[уреди]

  1. Ознаката „добра статија“ е наменета за уредувачите, за да знаат кои статии имаат можност за дополнително усовршување на квалитетот. Ознаката „избрана статија“ е наменета за читателите, за да знаат дека она што го читаат е пример за квалитет и веродостојност.
  2. Ознаката „добра статија“ се добива по груба оценка на еден уредувач. Ознаката „избрана статија“ се добива по строга рецензија и избор од страна на повеќе уредувачи.
  3. Иако и добрите и избраните статии треба целосно да ја покриваат темата, избраните статии не навлегуваат во непотребни детали. Сите дополнителни информации е пожелно да се сместени во други статии.