Википедија:Критериуми за избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:КЗИС

Избрана статија претставува пример за нашата најдобра работа. Избраните статии содржат професионални стандарди на пишување и презентација. Покрај тоа што статијата треба да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, таа треба да ги има следниве атрибути:

  1. Да е—
    • (а) одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, и е од професионален стандард;
    • (б) детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
    • (в) веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придрижени со специфични докази и надворешни цитати; ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во која се наведени изворите, придружено со фусноти на соодветните места. Видете: Википедија:Цитирање извори;
    • (г) неутрална: презентира објективност и неполаризираност; и
    • (д) стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден.
  2. Има правилен стил на пишување, кој ја вклучува употребата на:
    • (а) вовед - концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
    • (б) соодветна структура— систем на хиерархиски поднаслови и добра, но не преголема листа на содржина; и
    • (в) постојани цитати— онаму каде што има потреба во согласност со Критериум 1в, континуирано форматирани референци во форма на фусноти.[1] (дадената фуснота е пример)
  3. Слики. Има слики и други медиуми таму каде што е соодветно, со добар коменар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права. Неслободните слики мора да бидат правилно лиценцирани и со соодветен извор, а нивната праведна употреба јасно означена.
  4. Должина. Останува фокусирана на главната тема без да оди во непотребни детали.


Понатамошно читање[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]

Напатствија од англиски википедијанци[уреди извор]

Наводи[уреди извор]

  1. Трпковска 2007, стр. 1.

Извори[уреди извор]

  • Трпковска, Трпана (2007). Книга на примери. Скопје: Најдобри издавачи