Разговор за Википедија:Критериуми за избрана статија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Предложените измени се дадени подолу

Предлог (ситни) измени:

  1. Да —
    • (а) е добро напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, за задоволува високи стандард; Коментар  Коментарот за ова е најдолу.
    • (б) е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
    • (в) цитира извори на информации: тврдењата во една научна содржина се веродостојни доколку во неа се наведуваат првичен извор (a понекогаш и третични извори) со кои на читателот му се укажува на тоа од каде се преземени информациите кои се пренесуваат во статијата. Цитираните извори на информации се наведуваат во посебна секција која се означува како Референци или Литература.
    • (г) e неутрална: презентира објективност и неполаризираност; и
    • (д) e стаблина: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден.

Инаку, исто така, не сметам дека една добро напишана статија треба да биде брилијантна и инспиративна. Еве неколку примери:

Како може една техничка или инженерска стаија во која се опишува работата на некој уред да биде брилијантна?
Опишувањето на некоја неприродна појава не може да биде брилијатно (природната појава, инаку, може да е таква), ама ако е напишано со придржување на некои стандарди (ние, инаку не сме професионалци) тогаш тоа е во ред.
Дополнително поимите брилијантно и инспиративно зависат од нивното субјеткивно поимање. Од друга страна, пак, поимот стандарди (или како што критериумите велат професионални стандарди) се нешто што може да се дефинира на сличен начин како и овие правила. Според тоа може и да се провери дали статијата ги задоволува стандардите.
Мислам дека ова што го предлагам тука не е револуционерно и неприфатливо и верувам дека тука ќе ги додефинираме овие правила поубаво.
Вашите коментари се добредојдени.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:20, 13 јуни 2009 (UTC)
Според мене, ситеовие критериуми, односно сè може да биде предмет на субјективно поимање. Во денешниот свет, преполн со информации и со различни сфаќања, на човек треба да му напишеш дека 2+2=4 за со сигурност да се каже дека е нештото објективно. Многу егзактни работи, секој си ги поима како што знае, смета или сака. Но, добро. Мислам дека не е добро да се отстранат зборовите нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, бидејќи сметам дека ова не мора да се однесува на наведениот пример на Wikimk, дека една техничка или инженерска статија не може да биде брилијантна. Според мене, овие зборови, кои се предложени да бидат избришани претставуваат мотив повеќе да се уредува подобро и не се однесуваат на специјализираност во одредена област, туку се однесуваат на висок и соодветен стил на изразување, со јасни и лесно сфатливи реченици. Ова нема врска со каралтерот на статијата. Секаде постои оваа поделба. Мислам дека добро е да ги чуеме и мислењата на другите, а овој предлог на Wikimk мислам дека е поттикнат од неговото лично субјективно поимање на критериумот. Секој различно си ги сфаќа тие зборови, а јас сум да не се менуваат. За ваквата работи постои и ВикиПроект Рецензија, за чија работа се погриживме јас и Brainmachine, но очигледно дека никој не се сеќава на тоа, а некои не ни знаат дека постои. Дури на почетокот на декември минатата година и беше активирана рецензијата, но на сите им беше здодевно, статиите кои сакаа да ги предложат за избрани, да ги даваат на рецензија, а и немапше интерес од никого да се врши рецензијата. Како врв на сè беше и тоа дека, рецензијата се однесува на поправање на печатни грешки или средување на композицијата. Мислам дека таа рецензија беше супер и мора повторно да ја оживееме и сите статии, кои би сакале да ги додаваме во порталот да ги предложиме за рецензија. Не мора да се наведува дека е добро да се проверат референците, туку тоа нека биде основна работа, како што се и поправањето на печатни грешки и забелешките околу композицијата на содржината на статијата. Во некои коментари, дури и чув дека не се добро формулирани критериумите за додавање на статии во порталот 500 статии. Дури некои се правеа и „наудрени“ дека не знаат за што служи овој портал и аккви статии треба да се додаваат во него, кога во воведот, кој очигледно никој не го има прочитано пишува сè, а дури е наведена и врска до овие критериуми.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:26, 14 јуни 2009 (UTC)