Андреј Рубљов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Андреј Рубљов (руски:Андрей Рублёв) (околу 1360 или 1370 - 1427 или 29 јануари 1430) е еден од најважните руски иконографи.

Во 1966 година се појавува рускиот филм Андреј Рубљов (исто така познат и како Страста како ќе рече Андреј), режиран од Андреј Тарковски со постановка напишана од Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски. Филмот е целосно базиран на животот на големиот руски иконограф и фрескописец од 15. век Андреј Рубљов. Во овој филм улогите ги толкуваат Анатоли Солоницин, Николаи Гринко, Иван Лапиков, Николаи Сергеев, Николаи Бурљаев и сопругата на Тарковски Ирма Рауш.

Филмот ја отсликува Русија од 15.век, време кое е многу реалистички прикажано од Андреј Тарковски. Тој преку отсликувањето на историската фигура на Андреј Рубљов ја опишува Русија во минатото и турбулентното време додека е царство. Тој се труди да ги соедини уметноста и верата во христијанството како што тоа го сакал Андреј Рубљов.

Поради политичките непогоди, но и проблемите на Тарковски со авторствата филмот не е прикажан во Советскиот Сојуз веднаш. Во 1969 година е прикажан на Канскиот филмски фестивал кадешто ја добива наградата FIPRESCI. Филмот во Советскиот Сојуз е прикажан дури во 1971 година и тоа со неговата советска премиера на 24 декември 1971. Денес тој се смета за еден од највпечатливите филмови во Русија и во светот што претставува резултат на маестралното работење на големиот Андреј Тарковски во филмската уметност.

Филмот трае 205 минути (оригинална верзија) и е снимен со буџет од 1.300.000 рубљи.