Милет

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долната половина на седиштата и остатоците на сцената во театарот во Милет, прикажано на сликата од 6 август, 2005.

Милет (старогрчки: Μίλητος) бил антички град на западниот брег на Анадолија (во сегашната провинција Ајдин во Турција), во близина на утоката на реаката Меандер. Местото било населено од Бронзеното доба.

Легенда[уреди]

Хомер наведува дека во времето на Тројанската Војна, градот им припаѓал на Карите (Илијада, книга II). Други грчки митови велат дека градот бил основан според херој наречен Милет, кој го напуштил Крит поради кралот Минос. Овие митови кажуваат понатаму и дека херојот Милет го основал градот по убивањето на џинот наречен Астериус, син на Анакс; и дека регионот познат како Милет бил оригинално познат како „Анакторија“.

Милетска школа[уреди]

Милетската школа била отворена од страна на милетските философи при крајот на VII век п.н.е. Овие философи (уште наречени и први грчки философи) ќе дадат поинакво објаснување за Светот, односно материјалистичко сфаќање за постоењето на Светот. Основач на оваа школа е Талес, философ кој за архе ја гледа водата. Она бесконечното и неуништливото, она трајното и непроменливото, она што е прапричина за постоењето на Светот - тоа е водата. Од неа сè доаѓа во неа, сè завршува. Меѓутоа со појавата на нови философи се среќаваме и со нови теории. Тука бил Анаксимандер кој тврдел дека архето е всусношт апејрон, односно сè се засновува на спротивности топло-ладно, суво-влажно, а од таму и потекнуваат четирите праелементи во кои тој го гледа квалитативно-бесконечнотото, квантитативно-неопределеното. Наспроти него се среќаваме со уште еден философ, уште еден талесов ученик со своја теорија, според кого архето е воздухот, а од него со мешање настануваат останатите елементи. Еден од најпознатите милетски философи е Питагора веке доста познат по теорема која го добила неговото име. Тој доага со свое сфаќање за основата на Светот. Според него архето е бројот. Зад секој предмет или суштество постои број кој е всушност вечен, неминлив, траен, неуништлив и е основа на сè што постои. Од овој философ кој изјавува дека не е мудрец туку дека само ја љуби мудроста и настанува името философија (љубов кон мудроста).

Видете и[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Координати: 37°31′N, 27°17′E