Хомер

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Хомер (старогрчки: Ὅμηρος)
Homer British Museum.jpg
Идеализирана биста на Хомер од хеленистичко време. Британски музеј.
Живеел ~ VIII век п.н.е.
Влијанија рапсодична усмена поезија
Влијаел на класиката
(западен канон)


Хомер (на грчки Ὅμηρος Hómēros) е легендарен (или можеби митски) ран грчки поет и рапсодист традиционално славен како автор на големите грчки епови „Илијада“ и Одисеја, комичниот мини-еп „Батрахомиомахија“ ("Војната на Жабецот и Глушецот"), телото Хомерови химни, и различни други изгубени или нецелосни дела како „Маргитес“. Неколку антички автори нему му го припишуваат целиот епски циклус, кој вклучува и натамошни поеми за Тројанската војна како и поемите за Едип и неговите синови.

Според традицијата, Хомер е слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место, но инаку неговата биографија е празна.

Постојано се води дебата околу тоа дали истиот поет е одговорен и за „Илијада“ и за "Одисеја"; за останатите дела мнозинството се согласува дека се напишани подоцна. Хомерово прашање