6 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
6 август е 218-иот ден во годината според григоријанскиот календар (219-и во престапна година). Остануваат 147 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 1825 | Боливија стекна независност од Шпанија. |
| 1900 | Во Битола, во т.н. Поп-Ставрева афера, османлиската власт го затвори, а потоа го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност. |
| 1903 | Напишан е Крушевскиот манифест. |
| 1932 | Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот. |
| 1944 | Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини. |
| 1945 | САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија. |
| 1962 | Јамајка се стекнува со независност. |
| 2012 | Возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот. |
Родени:
| 1775 | Луј XIX, француски крал. |
| 1809 | Алфред Лорд Тенисон, англиски поет. |
| 1875 | Григорие Хаџи Ташковиќ, македонски револуционер. |
| 1881 | Александар Флеминг, англиски микробиолог, добитник на Нобелова награда. |
| 1911 | Лусил Бол, американски актерка и комичарка, четирикратна добитничка на Еми, позната по своето шоу Ја сакам Луси. |
| 1917 | Роберт Мичам, американски актер. |
| 1928 | Енди Ворхол, американски уметник, најпознат претставник на поп-артот. |
| 1960 | Сергеј Игнатов, министер за образование на Бугарија. |
| 1963 | Кевин Митник, американски хакер. |
| 1973 | Томислав Дончев, министер без ресор на Бугарија. |
| 1983 | Робин ван Перси, холандски фудбалер. |
| 1986 | Жером Копел, француски велосипедист. |
| 1986 | Иван Штил, руски кану-спринтер. |
Починале:
| 523 | Папа Хормизд, римски папа. |
| 1328 | Галеацо I Висконти, владетел на Милано. |
| 1458 | Папа Каликст III, римски папа. |
| 1637 | Бен Џонсон, англиски поет. |
| 1660 | Диего Родригес де Силва Веласкез, еден од најпознатите шпански сликари. |
| 1978 | Папа Павле VI, римски папа. |
| 1991 | Ружа Икономова, македонска актерка. |
| 2001 | Аким Селмани, поранешен член на ОНА. |
| 2005 | Ибрахим Ферер, кубански музичар. Член на Buena Vista Social Club. |
Празници:
| Боливија - Ден на независноста. | |
| Јамајка - Ден на независноста. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |