Крит
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
Периферија Крит Περιφέρεια Κρήτης |
|
|---|---|
![]() |
|
| Главен град | Ираклион |
| Префектури | Ираклион Ласити Ретимно Хања |
| Население | 623.666 (2005) |
| Површина | 8.336 km² |
| Веб-место | www.crete-region.gr |
Крит (грчки: Κρήτη) е една од тринаесетте периферии на Грција. Исто така е најголем од грчките острови со површина од 8.336 km² (3,219 mi²) и петти најголем остров во Средоземјето.
Крит е локација со значајна античка историја и е популарна туристичка дестинација; во неговите атракции спаѓаат минојските локалитети на Кносос и Фестос, класичниот локалитет Гортис, венецискиот замок во Ретимно, и кањонот Самарја, како и многу други природни локалитети, споменици и плажи. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација. Со векови бил познат под своето италијанско име Кандиа (италијански: Candia), од средовековното име на главниот град Ираклион, Хандакс (грчки: Χάνδαξ или Χάνδακας што значи „шанец“). На класичен латински се нарекувал Крета (латински: Creta), а на турски Кандије или Гирит (турски: Kandiye или Girit).
Содржина |
[уреди] Географија
| Крит Κρήτη |
|
|---|---|
Ираклион. |
|
| Географија | |
| Координати: | |
| Вкупно острови: | 25 |
| Површина:[1] | 8.336 km² |
| Највисока планина: | Псилоритис (2.456 m) |
| Управување | |
| Периферија: | Крит |
| Префектура: | Ираклион Ласити Ретимно Хања |
| Главен град: | Ираклион |
| Статистики | |
| Население: | 623,666 (од 2005) |
| Густина: | 75 жители/km² |
| Поштенски код: | 72x xx, 70x xx, 71x xx, 73x xx, 740 55, 74x xx |
| Повикувачки број: | 284 x0, 2810, 289x0, 282x0, 28310, 283x0 |
| Код на регистарски таблички: | AN, HK, HP, XN, PE |
| Веб-место | |
| www.crete-region.gr | |
Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје, со население од 650.000 (2005). Островот има издолжена форма: се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина од 8.336 km², со брегова линија од 1046 km ; на север излегува на Критското Море (грчки: Κρητικό Πέλαγος); на југ на Либиското Море (грчки: Λιβυκό Πέλαγος); на запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на 160 километри јужно од грчкото копно.
Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни групи на планини. Тие се:
- Белите планини (Лефка Ори) (2.452 m);
- Венецот Иди (Псилоритис () 2.456 m);
- Планините Дикти (2.148 m);
- Кедрос (1.777 m);
- Трипти (1.489 m)
На овие планини се простираат плодни висорамнини, како Ласити, Омалос и Нида; пештери, како Диктеон и Идеон; и кањони како познатиот кањон на Самарја. Заштитената област на кањонот Самарја е дом на кри-кри, додека пак критските планини и кањони се прибежишта за загрозениот грабливец Ламергајер (Gypaetus barbatus).
На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.
[уреди] Критска култура
Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалок. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали.
[уреди] Економија
Економијата на Крит, која воглавно се засновала на земјоделство, започнала да се променува во текот на 1970-тите. Иако земјоделството е најнагласено, благодарение на климата и релјефот на островот, постои пад во производството и забележителна експанзија во угостителството (воглавно поврзано со туризмот). Сите три сектори на критската економија (земјоделство, процесирање-пакување, угостителство), се директно поврзани и меѓусебно зависни. Островот има приход по глава на жител близу 100% од грчкиот просек, додека пак невработеноста е приближно 4%, половина од просекот на државата. Како и во другите региони на Грција, производството на маслинки е многу важно производство; мало количество на цитрони сѐ уште се одгледува на островот.
Островот има три значајни аеродроми: аеродромот Никос Казанѕакис во Ираклион, аеродромот Даскалојанис во Хања и еден помал во Ситиа. Првите два опслужуваат меѓународни дестинации и се главните портали кон островот за патници.
[уреди] Туризам
Крит е една од најпопуларните дестинации во Грција; петнаесет проценти од сите пристигнувања во Грција се преку градот Ираклион (пристаниште и аеродром), додека пак чартер патувањата до Ираклион лани беа 20% од сите чартер летови во Грција. Сѐ на сѐ, повеќе од два милиони туристи го посетиле Крит лани и овој пораст во туризмот се одразува на бројот на легла во хотелите, кој се покачил за 53% во периодот од 1986 to 1991, кога во остатокот од Грција се покачил за само 25%. Денес, туристичката инфраструктура на островот ги задоволува сите вкусови, вклучувајќи многу широк спектар на објекти за сместување. Гостите стигнуваат до островот преку двата меѓународни аеродроми во Ираклион и Хања, или со брод преку главните пристаништа во Ираклион, Хања, Ретимно и Агиос Николаос.
[уреди] Градови
Главните градови на Крит се:
- Ираклион (грчки: Ηράκλειον) (137.711 жители)
- Хања (грчки: Χανιά) (53.373 жители)
- Ретимно (грчки: Ρέθυμνο) (31.687 жители)
- Јерапетра (грчки: Ιεράπετρα) (23.707 жители)
- Агиос Николаос (грчки: Άγιος Νικόλαος) (19.462 жители)
- Ситиа (грчки: Σητεία) (14.338 жители)
[уреди] Политичка организација
Островот Крит е периферија на Грција, која се состои од четири префектури (грчки: νομοί):
Во рамките на аматерското радио се смета за посебен „ентитет“ со ИТУ префикс SV9.
[уреди] Видете исто така
| Најдете повеќе за Crete на збратимените проекти на Википедија | |
| Дефиниции и преводи од Викиречник | |
| Податотеки од Заедничката ризница | |
| Образовни ресурси од Викиуниверзитет | |
| Новинарски известувања од Викивести | |
| Цитати од Викицитат | |
| Изворни текстови на Викиизвор | |
| Прирачници на Викикниги | |
| Информации за патување во Википатување | |
- Критски Грци
- Критски Турци
- Критско вино
- Поранешни држави во Европа по 1815
- Историја на Крит
- Листа на грчки острови
- Минојска цивилизација
- Критска музика
- Отоманска морнарица
[уреди] Извори
- ↑ „Основни карактеристики“. „МВР“. www.ypes.gr. http://www.ypes.gr/topiki.htm. проверено на 8 јули 2007.
[уреди] Надворешни врски
|
|||||
|
|
|
|||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||


