Јонски Острови

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Оваа статија е за групата на острови западно од Грција. За античкиот регион во западна Анадолија, видете Јонија.
Coat of arms of Greece.svg
Периферија Јонски Острови
Περιφέρεια Ιονίων Νησιών
Локација на периферијата Јонски Острови во Грција
 
Главен град Крф
Префектури Закинтос
Кефалонија и Итака
Крф
Лефкада
Население 220.097 (2005)
Површина 2307 km²
Веб-место www.ionianisia-region.com

Јонските Острови (модерен грчки: Ιόνια νησιά; старогрчки: Ἰόνιοι Νῆσοι; италијански Isole Ionie) се група на острови во Грција. Тие традиционално се нарекуваат „Ептаниса“, т.е. „седумте острови“ (грчки: Επτάνησα или Επτάνησος; италијански Eptaneso), но групата вклучува многу помали острови освен седумте главни. Седумте се, од север кон југ:

Шесте северни острови се на западниот брег на Грција, во Јонското Море. Седмиот остров, Китира, е на јужниот врв на Пелопонез, јужниот дел на грчкото копно. Треба да се земе предвид дека Китира не е дел од периферијата на Јонските Острови, бидејќи спаѓа во периферијата Атика.

Содржина

[уреди] Историја

Јонските Острови

[уреди] Македонско, римско и византиско владеење

Во 4 век п.н.е. островите, како и поголемиот дел на Грција, биле апсорбирани во империјата на Македон. Тие останале под контрола на Македон и неговите кралства-следбеници сѐ до 146 п.н.е. кога грчкиот полуостров бил анексиран кон Рим. По 400 години мирољубиво римско владеење островите биле предадени на Источната Римска империја и останале дел од Византиската Империја уште 900 години, сѐ до уништувањето на Константинопол за време на Четвртата Крстоносна војна од пљачкосувачките Западно-европејци и Венецијанците во 1204.

Кога сојузниците на Четвртото крстоносие - француските владетели на Латинската Империја базирани во Константинопол и Венецијанците, кои се наптреварувале со Византинците за контрола на средоземната трговија - го направиле планот за византиските територии помеѓу самите себе, Венецијанците ги добиле Крф и Пакси, и исто така Китера, која што ја користеле како попатна станица за нивната поморска трговија со Левандите. Кефалоња и Закинтос станале Регионален палатинат на Кефалоња и Закинтос сѐ до 1357, кога овој ентитет бил припоен кон Лефкада и Итаки за да стане Војводство на Лефкадија под француски и италијански војводи. Кога Грците го резазаеле Константинопол во 1261, тие накратко ослободиле и дел од островите, но Венецијанците постепени го зголемиле нивното влијание.

[уреди] Земјотресот од 1953

Островите биле погодени од особено силен земјотрес, со јачина 7,1 степени, на 12 август 1953. Оштетувањето на градбите било големо и јужните острови Кефалоња и Закинтос биле во суштина срамнети со земја. Островите биле преизградени од темел во текот на следните години, по строги градежни (асеизмички) правила. Новите правила на градба се покажале екстремно ефективни, бидејќи повеќето земјотреси оттогаш немаат предизвикано воопшто штета на новите објекти.

[уреди] Денес

Денес сите острови се дел од периферијата на Јонските Острови, освен Китера, која е дел од периферијата Атика. Крф има 113.479 жители (вклучувајќи ги и Пакси), Закинтос 38.680, Кефалоња 39.579 (вклучувајќи ја Итака), Лефкада 22.536, Итаки 3.052, Китера 3.000 и Пакси 2.438.

Во скорешните декади островите изгубиле голем број од нивното население поради емиграцијата и падот на нивните традиционални дејности: рибарството и маргиналното земјоделство. Денес нивното најважно занимање е туризмот. Особено Крф, со прекрасното пристаниште, глетки и голем број сликовити рушевини и замоци, е омилена дестинација за крстаречките бродови.

[уреди] Поголеми заедници

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

Шаблон:Јонски Острови

Координати: 38°30′N, 20°30′E