Пелопонез
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Пелопонез (грчки: Πελοπόννησος) е голем полуостров и регион во јужна Грција, и го формира делот на државата јужно од Коринтскиот залив. Делови од него припаѓаат на три периферии; поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика.
Префектури [уреди]
- Аркадија
- Арголис
- Коринтија (oсвен општините Агии Теодори и поголемиот дел од Лутраки-Перахора, кои се наоѓаат источно од коринтскиот канал)
- Лаконија
- Месинија
- Ахаја
- Префектура Елис
- Пиреј (само општините Метана, Тризина, и дел од Порос)
Географија [уреди]
Полуостровот има површина од 21.549 km² и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето на Коринтскиот канал во 1893, Пелопонез всушност во целост бил издвоен од копното, и може да се смета за остров. Тој има две врски со копното, една преку вливот на Коринт, и една преку мостот Рио-Андирио, изграден во 2004.
Внатрешноста на полуостровот е планинска. Две групи на острови лежат во близина на крајбрежјето: Арго-Саронските острови на исток и Јонските острови на запад.
Надворешни врски [уреди]
- Официјално веб-место на локалните власти (грчки)
- Преживеаните од огнените стихии во Грција тажат на Пелопонез. (англиски)
- Атинско-спартанската војна на Lycurgus.org (англиски)
|
|||||||

