Атика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е за Атика во Грција. За други Атики видете Атика (појаснување).
Атика
Περιφέρεια Αττικής
Областа Атика во Грција
 
Главен град Атина
Окрузи Атина
Западна Атика
Источна Атика
Пиреј
Население 3.841.408 (2005)
Површина 3.808 км²
Густина 1.009 жит/км²
Податоци...
Портал

Атика (грчки: Αττική) е периферија во Грција, која го содржи Атина, главниот град на Грција. Атика е понатаму поделена на префектурите: Атина, Пиреј, Источна Атика и Западна Атика.

Атика е сместена во тоа што денес е јужна Грција, и покрива околу 3.800 квадратни километри. Покрај Атина, во својата територија ги содржи градовите Пиреј, Елевсис, Мегара, Лавриум и Маратон, како мал дел од полуостровот Пелопонез и островите Саламис, Егина, Порос, Хидра, Спецес, Китира и Андикитера. Околу 3.750.000 луѓе живеат во периферијата, од кои повеќе од 95% се населени во метрополитенската област на Атина.

Атина била оригинално главниот град на Централна Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Периферијата Атика

Атика е полуостров кој излегува на Егејското Море. Неколку планини го делат полуостровот на рамнините Педија, Месогија и Триасија. Тие планини се Химетус, источниот дел на Геранија, Парнита, Егалео планините Пендели. На север се граничи со рамнината Беотија, а на запад се граничи со Коринт. Саронскиот Залив лежи на југ и островот Евбеја (Евија) лежи близу северниот брег. Првиот, воедно и единствен голем резервар на Атина, езерото Маратон се наоѓа 42 км на североисток и е наречено „Маратонска Брана“ која што за првпат била отворена во 1920-тите. Оттогаш, таа е најголемото езеро на Атика. Областа околу Парнита и Химетус е покриена со шуми, освен врвовите, но планините на запад и југ се тревнасти, неплодни или пошумени.

Реката Цефисус е најдолгата река, и Парнета или Парнита е највисоката планина во Атика. Префектурата исто така има паркови на планините Химетус, Пендели и Парнита, како и во јужниот дел на полуостровот.

Според Платон, античките граници на Атика бил пролазот, и дека во правецот на континентот, тие се протегале сѐ до височините Цитерон и Парнес. Граничната линија доаѓала надолу во правец на морето, со областа Оропус десно, и реката Асопус како граница лево.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е типично средоземна, со суви и топли лета и минимални врнежи од дожд, и ладни до умерени зими. На планините паѓа мало количество снег секоја зима, но ова ретко се проширува до пониските области. Ретко се случува да се појави и мраз. Шумските огнови и поплавите се чести.

Историја[уреди | уреди извор]

Процесот на обединување на Атика од Атина не е целосно јасен, но се смета дека е во некоја точка од првата половина на 7 век п.н.е. кога Елевсис и околните рамнини биле приклучени кон атинската држава и нивните населеници станале граѓани. Дури тогаш, границите не биле фискирани, со оглед на тоа што Атина водела битки со Мегара за контрола над Саламис и со Боетија над граничните градови како Оропус со векови. Видете Историја на Атина.

Атика подоцна станала дел (сукцесивно) од Римската и Византиското Царство, крстоносното Војводство Атина и Отоманското Царство, сè до Грчката Војна за Независност.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патишта и автопати[уреди | уреди извор]

Областа е поврзана со патишта и автопати:

Ферибот[уреди | уреди извор]

Бројни линии за ферибот, и за нормални фериботи и за „летечки делфини“ (брзи морски возила), го поврзуваат пристаништето Пиреј со островите на периферијата.

Друго[уреди | уреди извор]

Спортски екипи[уреди | уреди извор]

Фудбалски тимови[уреди | уреди извор]

Прва и втора дивизија A' & B' Етники (2006 / 07)[уреди | уреди извор]

Трета дивизија[уреди | уреди извор]

Сите спортови[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Општини и заедници[уреди | уреди извор]

Видете:

Провинции[уреди | уреди извор]

Поранешните провинции со закосени букви не постојат повеќе.