Коринт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коринт
Κόρινθος (Ϙόρινθος)
Поглед на градот
Поглед на градот
Амблем на Коринт
Амблем
ЗемјаГрција
ОбластПелопонез
ОкругКоринтија
ОпштинаКоринт
 • Општ. един.102,19 км2 (3,946 ми2)
Најг. вис.&1000000000000001000000010 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.38.132
 • Општ. един. густина3,7/км2 (9,7/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.20100
Повик. бр.(+30) 27410
Рег. таб.KP
Мреж. местоwww.korinthos.gr

Коринт (грчки: Κόρινθος) е град во Грција и административен центар на истоимениот округ Коринтија, во рамки на периферијата Пелопонез.

Градот Коринт спаѓа во градови во Грција најблиски до Атина (78 км оддалеченост).

Име[уреди | уреди извор]

По легендата градот Коринт го добил своето име по неговиот митски основач Коринтос, потомство на богот на сонцето Хелиос.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Остатоци од античкиот Коринт
Поглед на градот од 1833 година

Градот Коринт се наоѓа во североисточниот дел на грчкиот полуостров и историската покраина Пелопонез, а во средишниот дел на префектурата. Градот е сместен на стратешки важно место каде полуостровот се поврзува со копното на Грција преку Коринтскиот земјоуз. Денеска тој е прокопан со образување на Коринтскиот канал, со што се споени Коринтскиот и Саронскиот Залив, а Пелопонез е направен како голем вештачки остров. Градот Коринт се наоѓа блиску до излезот на Коринтскиот канал во Коринтскиот Залив (4 км западно). Источно од градот се наоѓа најблиската планина Геранија, висока 1.351 m н. в.

Колку положбата на градот Коринт е добра стратешки и сообраќајно, толку е неповолна од сеизмичко гледиште. Градот повеќепати во текот на историјата страдал од силни земјотреси.

Климата во Коринт е средоземна, со жешки и долги лета и благи и дождливи зими. На околните планини таа добива пооштри црти.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите археолошки наоѓалишта во подрачјето на Коринт зборуваат дека оваа подрачје било населено уште во времето на неолитот (6 милениум п.н.е.). Пред Микенскиот период на овој простор се населиле Дорците. Позначајни населби на оваа место се јавиле во текот на Микенската цивилизација (1580—1100 година п.н.е.) и веројатно градот бил утврден. Во текот на Тројанската војна Коринќаните се бореле во Агамемноновата војска.

Во класичниот период на старата Грција античкиот Коринт бил богат град и по тоа соперник на Атина и Теба. Градот во 6 век п.н.е. бил познат по керамика. Градот подоцна станал поим на добар живот и забава, како и супериорен уметнички вкус. Градот благодарејќи на богатството бил активен во меѓународната трговија по Средоземјието и како основач на повеќе колонии. Коринт ја сочувал својата важност и во текот на хеленистичкиот период, кога бил еден од најважните градови на просторот на тогашната Грција. Падот на ваков значаен град под власта на Стариот Рим во 146 п.н.е. се смета и како година на покорување на просторот на Грција. Под Римска власт Коринт ја задржува својата значајност и станува космополитски: (Римјани, Грци, Евреи). Исто така, градот бил едно од првите места на христијанизацијата во Европасвети Павле го посетил во 51 и 52 година од н.е. (Прво послание на Коринќани)те. Кон крајот на овој период опаѓа значајоста на градот и тоа благодарејќи на земјотресите од 375 година и 551 година. Падот го потпомогнале и упадите на Варвари во текот на 4 век.

Во текот на поголемиот дел од средниот век Коринт во рамки на Византија, бил како важен градски центар со развиени занати и трговија со свила. Во 1204 година градот, како и поголемиот дел од Византија, го освоиле крстоносците. Крстоносците наишле на голем отпор кај грчкото население. Тие во овој дел од Грција го основале Кнежевството на Ахајците. Под нивната власт градот останува сè до 1388 година, кога за кратко време се наоѓа повторно во рацете на ослабената Византија.

Патрас Турците во Османлија го освојуваат во 1458 година под водство на Мехмед II. Градот добива ново име „Гурдес“ и станува центар на новооснованиот санџак на Мореите. Градот бил во рацете на Османлиите во текот на следните векови со исклучок на периодот од 1699—1715 година кога бил во рацете на Млечаните. Во 1821 година започнал Грчкото востание и Грците од Коринт и неговата околина активно учествуваат. Градот бил еден од кандидатите за нова престолница во новоосоздадената Грција, но таа привилегија ја добила Атина. За брзо Коринт почнал да се развива у важен град во државата, пре се заблагодарувајќи и на поволната положба и битните пристанишки активности. Меѓутоа, стариот Коринт потполно бил избришан во земјотресот од 1858 година. Новиот град со исто име бил издигнат за 3 км подалеку од стариот. Градот бил поштеден од многу разорувања во текот на војните во XX век. Меѓутоа, после Грчко-турската војна во 1923 година во градот масовно почнале да се доселуваат и грчки побеглици од Мала Азија, што доведува до нагло зголемување на градот и масовни диви градби. После тоа почнува изградба на градот и тој во последните децении бргу семодернизира.

Во Коринт во осумдесеттите години на 19 век имало многу Срби од Босна, Црне Гора и Србија. Тоа биле економски и политички емигранти кои тука живееле и работеле, од кои многу на копање на Коринтскиот канал. Во 1889 година тука постоеле нови српски гробишта во кои до тогаш биле сахранети 128 Срби. Најпознатот од нив бил Миленко Стазиќ, роден во Сплит, кој учествувал во босанско-херцеговачкото востание.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Коринт денеска има околу 35.000 становници во градот и уште толку во околието. Населениците претежно се етнички Грци, иако во последните децении се доселиле и доста странци. На последните два пописи бројот на жителите се движел на следен начин: Предлошка:ДемографијаГРЧ

Движење на бројот на населението во општината по пописи:

Предлошка:ДемографијаГРЧ

Стопанство[уреди | уреди извор]

Коринт во последните децении израснал во важен индустриски центар на Грција. Оваа првенствено дошло порадиширењето на подрачјето на Атина и преместуњето на нејзината индустрије кон поширок раб. Најважнијот индустриски комплекс е рафинеријата во близина. Како Коринт се наоѓа на околу 80 км од Атина, станал привлечно место за новите индсутриски погони.

Во текот на последните децении Коринт сè повеќе станува туристичко подрачје и тоа највеќе за жителите на Атина, кои тука го проведуваат во своето слободно време. Особено е популарен источниот део од градот, Лутраки, каде постојат големи песковити плажи, а во последните години се изградени бројни хотели и одморалишта, како и најголемото казино во Грција.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Коринт има исклучително поволни природни услови за развој на сите видови на сообраќај. Традиционално е развиен поморскиот сообраќај, кој има исклучителна прометна значителност заблагодарувајќи му на Коринтскиот канал. И патен сообраќај има многу поволности, затоа што во предградието на градот има авто-пат од Атина со трака во два правца, кон југ и Пелопонез и кон запад, Патрас и Епир. Слично пат постои и во случај на железничкиот сообраќај. Најблискиот аеродром е Меѓународен аеродром во Атина.

Градови побратими[уреди | уреди извор]

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. "Застава", Нови Сад 1889. године

Ндворешни врски[уреди | уреди извор]