Поплава

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во реките и езерата, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје.

Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од дожд или некоја голема бура, попуштање на брана и сл.

Содржина

[уреди] Поделба

Според начинот и брзината со која се формира бранот, поплавите се делат на три групи:

[уреди] Мирни поплави

најчесто се случуваат на големите реки и потребно е 10 или повеќе часови да се формира поголем бран.

[уреди] Бујични поплави

најчесто се појавуваат кај планинските реки каде голем воден бран се формира за помалку од 10 часа.

[уреди] Ненадејни поплави

овде водниот бран се формира веднаш, а се случуваат кога ќе дојде до рушење на брана.

[уреди] Ефекти

Cars over the water.JPG

Вообичаени ефекти што се појавуваат при поплави се материјални штети, жртви, снабдување со вода и храна итн.

Материјални штети: Зградите и другите објекти се оштетуваат од надојдените води. Исто така се возможни и појави на лизгање на земјиштето.
Жртви: Луѓето и добитокот умираат од давење или од појавите на зарази и епидемии.
Снабдување со вода: При полави најчесто доаѓа до контаминација на чистата вода за пиење.
Житарици и снабдување со храна: Поради поплавите може да дојде до оштетување на сите посеви на житарици.

[уреди] Заштита од поплави

Најчесто крај реките што се склони за излевање се градат најразлични одбранбени механизми што се користат во случај на поплава. Такви механизми се насипи, брани, одводни канали, резервоари, крајбрежни ѕидови.