Тесалија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of Greece.svg
Периферија Тесалија
Περιφέρεια Θεσσαλίας
Локација на периферијата Тесалија во Грција
 
Главен град Лариса
Префектури Кардица
Лариса
Магнесија
Трикала
Население 760.714 (2005)
Површина 14.037 km²
Густина 54 жители/km²
Податоци...
Портал www.thessalia.gr

Тесалија (грчки: Θεσσαλία) е една од тринаесетте периферии на Грција, и е поделена на уште четири префектури. Главниот град на периферијата е Лариса. Префектурата лежи во централна Грција и се граничи со Егејска Македонија на север, Епир на запад, Централна Грција на југ и Егејското Море на исток.

Географија[уреди]

Нејзината географија се состои од планински прстен кои ја опкружуваат централната рамнина: низините Трикала и Лариса. Тука има изразена летна и зимска сезона, со летни дождови кои ја зголемуваат плодноста на рамнините. Поради ова Тесалија понекогаш се нарекува и кошницата леб на Грција.

Овој регион е јасно ограничен со топографски граници. Планините Касија и Камбунијан лежат на север, масивот на планината Олимп на северо-исток. На запад лежи планинскиот венец Пинд, на југо-исток крајбрежјата Оса и Пелион.

Седумте притоки на реката Пиниос течат низ регионот.

Транспорт[уреди]

Постојат бројни автопати како и главна железница кои водат од Атина до Солун кои минуваат низ Тесалија.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Тесалија.

Тесалија била дом на развиена неолитна култура околу 2500 п.н.е. Откриени се исто така микенски живеалишта, на пример на местата Јолкос, Димини и Сескло (близу Волос). Подоцна, во антички грчки времиња, низините во Тесалија станале дом на баронски семејства, како Алеадите од Лариса или Скопадите од Кранон. Овие баронски семејства организирале федерација низ целиот регион на Тесалија, и подоцна ја контролирале Амфиктионската Лига во северна Грција. Тесалијците биле реномирани по нивната коњаница.

За време на Грчко-Персиската војна Алеадите им се придружиле на Персијците. Во 4 век п.н.е. Тесалија станала зависност на Македон и многумина служеле како вазали. Во 148 п.н.е. Римјани формално ја вклучиле Тесалија во провинцијата Македонија, но во 300 Тесалија била издвоена како одделна провинција со свој главен град во Лариса. Останала дел од источната Римска Империја сè до 13 век, кога големи делови од Тесалија биле контролирани од влашки сточари (видете Голема Валахија). По четвртата Крстоносна Војна Тесалија потпаднала под контролата на Солунското Кралство, но во 1215 било освоена од Теодор Комненос Дукас и станала дел од независните територии под власт на тоа семејство. Династијата завршила во 1318 и била проследена од период на византиска и српска доминација. По уште еден период на независност, Тесалија била освоена од Отоманската Империја во 1394. Во 1881 Отоманската Империја изгубила поголем дел од Тесалија во однос на Грција.

Администрација[уреди]

Тесалија е поделена на 4 префектури: