Префектури на Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Грција
Coat of arms of Greece.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Република Грција



други земји
 Портал „Политика“

За време на административната поделба на Грција за време на Кралството Грција од 1833–1836, и повторно од 1845 до нивното укинување со законот Каликратис во 2010, префектурите (грчки: νομοί, ед. νομός) биле главните административни единици на државата. Тие се сега вон употреба, и се приближно заменети од страна на регионалните единици на Грција.

Грција се состои од 13 административни региони познати како Периферии на Грција, кои понатаму биле поделени на натпрефектури и 54 префектури (грчки: νομοί).

Според Уставот на Грција префектурите биле воглавно второстепена организација на локалната самоуправа. Сепак тие не биле хиерархиски супериорни во однос на заедниците и општините на Грција. По легислативните реформи од 1994 најголемиот дел од административните должности на префектурите им биле пренесени на перифериите. Сепак, тие сѐ уште имале одредени административни должности кои им се доделени од централната власт (санитарни комитети, служби за просторно планирање) и затоа тие се сметале за административни единици на централната власт.

Првите префектурални избори се одржале во 1994. Пред тоа, префектите биле назначувани од државата.

Содржина

Организација[уреди]

Последните промени во префектуралните самоуправи биле формирани во 1994[1] и ги замениле претходните префектури, чиишто совети и префекти биле назначувани од државата.

Префектурите пред укинувањето биле управувани од Префектурален Совет (νομαρχιακό συμβούλιο) составен од 21 до 37 члена,[2] раководени од Префектот (νομάρχης) и претседавани од Претседател на Советот (πρόεδρος).

Други органи на префектурите биле:

  • Префектуралниот Комитет, кој се состоел од префектот или асистент назначен нему, и 4 до 6 члена, избирани од Префектуралниот Совет.[3]
  • Провинцискиот Совет и
  • Eпархос (под-префект, έπαρχος).

натпрефектурите имаат свои органи (Совет, Комитет и натпрефект).

Префектуралните советници се избирале по пат на јавни избори секои четири години. Три петтини од сите седишта им следувале на победниците на изборите, додека пак две петтини од седиштата им следувале на преостанатите партии врз основа на пропорционален систем. Префектот станувал претседател на победничката опција. Избраната опција била валидно изгласана доколку освоила повеќе од 42% во првиот круг на префектуралните избори. Доколку ниту една опција не го преминела овој праг, тогаш имало втор круг во кој се гласало за двете опции кои добиле најмногу гласови во првиот круг[4]

Должности[уреди]

Државата првенствено ги надгледува дејствата на локалните власти, вклучувајќи ги и префектурите, но Устав на Грција[5] и Кодот на Префектуралната Самоуправа[6] сѐ уште им се давало легална контрола на заедниците и општините врз администрацијата на нивните назначени обасти.

Кодот на Префектуралната Самоуправа не вклучува нерестриктивна листа на префектурални должности, туку генерално правило, според кое новоформираните префектурални самоуправи ги имаат сите должности на претходните префектури, кои се поврзани со нивното локално управување.[7] Сепак, работите поврзани со „(централното) државно раководење“ кои им припаѓале на префектите пред 1994 сега се извршуваат од Претседателите на Перифериите (περιφερειάρχης).[8] Моменталните префектурални самоуправи ги зачувале локалните работи од префектурален степен кои не ѝ припаѓаат на „(централната) државна администрација“.[9]

Со посебни закони определени работи на некои министерства биле префрлени на Префектуралните Самоуправи (санитарни комитети, служби за урбанистичко планирање итн.).[10]

Листа на префектури[уреди]

  1. (видете подолу)
  2. Евбеја
  3. Евританија
  4. Фокис
  5. Фтиотија
  6. Беотија
  7. Халкидики
  8. Иматија
  9. Кукуш
  10. Постол
  11. Пиерија
  12. Сер
  13. Солун
  14. Хања
  15. Ираклион
  16. Ласити
  17. Ретимно
  18. Драма
  19. Марица
  20. Кавала
  21. Родопи
  22. Скеча
  23. Арта
  24. Јанина
  25. Превеза
  26. Теспротија
  1. Крф
  2. Кефалоња и Итака
  3. Лефкада
  4. Закинтос
  5. Хиос
  6. Лезбос
  7. Самос
  8. Аркадија
  9. Арголида
  10. Коринтија
  11. Лаконија
  12. Месинија
  13. Киклади
  14. Додеканези
  15. Кардица
  16. Лариса
  17. Магнезија
  18. Tрикала
  19. Ахаја
  20. Етолија-Акарнанија
  21. Eлис
  22. Лерин
  23. Гребен
  24. Костур
  25. Кожани

a Света Гора

GreekPrefecturesNumbered.png

Префектурите на периферијата Атика

Периферијата Атика (означена со број 1 во картата погоре) се состои од следниве префектури:

  1. Атина
  2. Источна Атика
  3. Пиреј
  4. Западна Атика












Листа на префектури опколени со копно[уреди]

Листа на префектури кои се состојат само од острови или делови од острови[уреди]

Листа на префектури кои се воглавно копнени но исто така вклучуваат острови[уреди]

Листа на ексклави[уреди]

Листа на префектури кои се граничат со странски држави[уреди]

(долж границата на Грција во правец исток-запад)

Листа на префектури чиешто територијално море се допира со море на странска држава[уреди]

Листа на префектури кои се географски екстреми[уреди]

  • Префектура со најголемо растојание помеѓу две точки на нејзината територија („најголем дијаметар“): Додеканези
    (доколку повлечеме линија од Анидрос, остров на северо-запад од Патмос, до островот Стронгили, најисточната точка во Грција, само малку на исток од Кастелоризо)
  • Префектура со најмало растојание помеѓу две точки на нејзината територија („најмал дијаметар“): Лефкас

Листа на префектури кои имаат исто име со нивниот главен град[уреди]

Листа на префектури чијшто главен град не е нивен најголем град[уреди]

Листа на префектури со најмалку населени главни градови[уреди]

  1. Халкидики (главен град: Полигирос со население од 6.232 жители)
  2. Самос (главен град: Вати со население од 6.275 жители)
  3. Евританија (главен град: Карпениси со население од 6.775 жители)
  4. Фокис (главен град: Амфиса со население од 6.946 жители)
  5. Лефкада (главен град: Лефкада со население од 7.548 жители)
  6. Теспротија (главен град: Игуменица со население од 9.104 жители)
  7. Кефалоња и Итака (главен град: Аргостоли со население од 9.522 жители)
  8. Гребен (главен град: Гребен со население од 10.447 жители)
  9. Ласити (главен град: Агиос Николаос со население од 10.906 жители)
  10. Закинтос (главен град: Закинтос со население од 11.224 жители)

Листа на префектури кои се граничат само со една друга префектура[уреди]

  1. Халкидики (се граничи со Солун|Солун; исто така се граничи со Света Гора, која што не е провинција стрикто сенсу)
  2. Хања (се граничи со Ретимно)
  3. Ласити (се граничи Ираклион)
  4. Марица (се граничи со Родопи)

Листа на префектури кои се граничат со најмногу (седум) други префектури[уреди]

(префектурите со кои се граничат се наведени во правец спротивен на правецот на стрелките на часовникот)

  1. Префектура (се граничи со Иматија, Постол, Лерин, Kостур, Гребен, Лариса, Пиерија)
  2. Лариса (се граничи со Пиерија, Кожани, Гребен, Трикала, Kардица, Фтиотија, Магнезија)
  3. Фтиотија (се граничи со Магнезија, Лариса, Кардица, Евританија, Етолија-Акарнанија, Фокис, Беотија)

Листа на префектури кои се дел од грчката држава од нејзиното осамостојување[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Забелешки[уреди]

  1. Закон 2218/1994
  2. Членови 13 и 14 од „Кодот на Префектурална Самоуправа“ (Претседателски Декрет 30/1996)
  3. Член 15 од „Кодот на Префектурална Самоуправа“
  4. Според легислативната реформа од 2006 (Закон 3463/2006). Видете го исто така и Циркуларот 12 на Министерството за Внатрешни Работи во врска со претстојните избори.
  5. Член 102 од Уставот
  6. Членови 1 и 8 од Кодот на Префектурална Самоуправа
  7. Во врска со значењето на локалното управување видете ја Одлуката 888/1997 на Државниот Совет.
  8. Членови 3 и 8 од Кодот на Префектурална Самоуправа
  9. Видете ја Одлуката 3441/1998 на Државниот Совет.
  10. Видете го Законот 2647/1998 за пример.

Шаблон:Статии за второстепени административни дивизии на европските држави