Кавала (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кавала
Περιφερειακή ενότητα Καβάλας
Округ
Општини во Кавала и Тасос
Општини во Кавала и Тасос
Кавала и Тасос во Грција
Кавала и Тасос во Грција
Координати: 41°00′N 24°25′E / 41.000° СГШ; 24.417° ИГД / 41.000; 24.417Координати: 41°00′N 24°25′E / 41.000° СГШ; 24.417° ИГД / 41.000; 24.417
ПодрачјеЕгејска Македонија, Грција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
Админ. центарКавала
Површина
 • Вкупна1.728 км2 (667 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно115.974
 • Густина67/км2 (170/ми2)
Пошт. бр.64x xx, 65x xx
Пов. бр.2510, 259x0
ISO 3166GR-55
Рег. таб.ΚΒ
Мреж. местоpekavalas.eu

Кавала (грчки: Περιφερειακή ενότητα Καβάλας) — еден од двата најисточни окрузи во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува дел од областа Источна Македонија и Тракија. Административен центар е градот Кавала.

Географија[уреди | уреди извор]

На запад се наоѓа планината Кушница (Пангео, 1.957 м). Околни окрузи се Сер на запад, Драма на север и Скеча на исток. Долж источната граница тече реката Места, одделувајќи ја Македонија од Тракија. Обработливото земјиште е распределено по северното и источното крајбрежје.

Климата на округот е претежно средоземна.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Округот Кавала се дели на 3 општини:[1]

Островот Тасос е општина сместена во свој округ, одземен од округот Кавала согласно законските измени „Каликратис“ во 2011 г., со кој се преуредени и општините, спојуваќи поголем број општини во горенаведените три.

Демографија[уреди | уреди извор]

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 3 населени места и сочинуваат околу 3% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 3.000 Македонци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]