Сер (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сер
Περιφερειακή ενότητα Σερρών
—  Округ  —
Општини во Сер
Округот Сер во Грција
Координати: 41°05′ СГШ 23°35′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Админ. центар Сер
Управа
 • Управник Јоанис Мојсијадис
Површина
 • Вкупна 3.968 км2
Население (2011)
 • Вкупно 176.430 жит.
Пошт. број 62x xx
Повик. број 232x0
ISO 3166 GR-62
Рег. таб. EP
Портал naserron.gr

Сер (грчки: Περιφερειακή ενότητα Σερρών) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Сер. Округот има вкупно население од околу 175.000 жители.

Географија[уреди]

Во округот Сер се наоѓаат планините Словенка (Орвилос) на север, Змијница (Меникио) на исток, Кушница (Пангео) на југ, Богданска Планина (Ори Вронду) на југозапад и запад, делови од Круша (Крусија ори) на запад и делови од Беласица (Белес) на северозапад.

Административно се граничи со округот Солун на југозапад, Кукуш на запад, со Општина Ново Село во Република Македонија на северозапад, со Пиринска Македонија на север, со округот Драма на североисток и со округот Кавала на исток. Во јужниот дел на округот се наоѓа Струмскиот Залив со делтата на реката Струма.

Округот зазема 3% од вкупната површина на Грција. Обработливото земјиште зафаќа 41% од територијата. Најзначајна река е Струма, која тече низ целиот округ и се влева во Егејското Море. Друга поважна река е Драматица (Ангитис), во источниот дел на округот.

Административна поделба[уреди]

Округот е поделен на 7 општини. Тие се следниве (со нивните броеви во инфокутијата):[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Шаблон:Окрузи во Грција