Места (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Места
Δήμος Νέστου

Општина Места в областа Источна Македонија и Тракија
Податоци
Област: Источна Македонија и Тракија
Округ: Кавала
Гео. област:
Население: 22.124 (2021)
Седиште: Саришабан
Нас. места: 39
Пошт. бр.: 642 00
Пов. бр.: 25920-2
Портал: nestos.gr

Места (грчки: Δήμος Νέστου, Димос Несту) — општина во Кавалскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Саришабан (Хрисуполи). Општината опфаќа 39 населени места по долното течение на реката Места (Нестос), по која е наречена. Подрачјето на општината приближно одговара на традиционалниот крај Саришабанско.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Места е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Саришабан (Хрисуполи), Керемидли (Керамоти) и Орино.

Општинска единица Саришабан[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Саришабан на картата на некогашниот округ Кавала.

Општинската единица Саришабан ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Саришабан
  • Општински оддел Беклемеш
  • Општински оддел Бојнус Кизли
  • Општински оддел Дојран
  • Општински оддел Еретли Маала
    • село Еретли Маала (Стар Саришабан или Ески Саришабан); Ερατεινό, Ератино)
  • Општински оддел Инџес
    • село Инџес (или Инџелер; Παράδεισος, Парадисос)
  • Општински оддел Каја Бунар
  • Општински оддел Караџаќој
  • Општински оддел Караџилар
  • Општински оддел Корудере
  • Општински оддел Ново Домашли
    • село Ново Домашли (или Хаџи Оглу Омбаши; Ποντολίβαδο, Пондоливадо)
    • село Домашли (Άνω Ποντολίβαδο, Ано Пондоливадо)
    • село Ениќој (Νέα Κώμη, Неја Коми)
  • Општински оддел Органџи
  • Општински оддел Чобанли

Општинска единица Керемидли[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Керемидли на картата на некогашниот округ Кавала.

Општинската единица Керемидли со седиште во Керемидли (Керамоти) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Керемидли
  • Општински оддел Кури
    • село Кури (Αγίασμα, Ајасма)
    • село Курска Плажа (Παραλία Αγιάσματος, Паралија Ајасматос) новосоздадено
  • Општински оддел Кутунџали
  • Општински оддел Чапранди Чифлик

Општинска единица Орино[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Орино на картата на некогашниот округ Кавала.

Општинската единица Орино со седиште во Мунчино (Лекани) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Мунчино
    • село Мунчино (или Мунџинос; Λεκάνη, Лекани)
  • Општински оддел Дарова
    • село Дарова (или Дари Ева; Κεχρόκαμπος, Кехрокампос)
  • Општински оддел Караманли
  • Општински оддел Караџова
    • село Караџова (или Караџа Обаси; Ελαφοχώρι, Елафохори)
  • Општински оддел Недерли
  • Општински оддел Олаџак
    • село Олаџак (Πλαταμώνας, Платамонас)
  • Општински оддел Узунќој
  • Општински оддел Чајлик
    • село Чајлик (Διπόταμος, Дипотамос)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]