Кавала
Кавала (грчки: Καβάλα) е главен град на областа Кавала, во југозападниот дел на периферијата на Источна Македонија и Тракија. Тоа е најголем град и главниот комерцијален и образовен центар на периферијата. Градот е одалечен на 165 km источно од Солун и околу 680 км северно од Атина.
Содржина |
[уреди] Географија
Кавала се наоѓа на северниот брег на Кавалскиот Залив, дел од Егејското Море. Градот се наоѓа на ридестиот терен, додека центарот се наоѓа на карпест дел од полуостровот Пресвета и е од стратешка важност.
[уреди] Историја
Градот е основан од страна на доселениците од островот Парос во 6 век п.н.е.,под името „Неаполис“ (со значење „нов град“). Неаполис бил освоен одстрана на Римјаните, а во време на Византиската Империја бил нарекуван „Христопол“. Во тоа време, градот прераснал во град-тврдина. Словенското население на околните ридови на градот било наречено „морунас“, веројатно произлезено од зборот со значење „повеќе“.
Во периодот од 1371 до 1912 година, Кавала била составен дел на Отоманската Империја.
[уреди] Население
Населението се состои главно од Грци. Многу Грци потекнуваат од Мала Азија. Според последните три спроведени пописи, бројот на жители во градот бил следниов:
- 56.705 (1981);
- 56.571 (1991);
- 58.663 (2001.)