31 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
31 октомври е 304-иот ден во годината според григоријанскиот календар (305-и во престапна година). Остануваат 61 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1517 | На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на Реформацијата“. |
| 1876 | Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести. |
| 1892 | Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс. |
| 1924 | Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето. |
| 1956 | Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет. |
| 1984 | Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики. |
| 1994 | Лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата. |
| 1995 | Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ. |
Родени:
| 1345 | Фернандо I Португалски, португалски крал. |
| 1391 | Едвард Португалски, португалски крал. |
| 1424 | Владислав III, крал на Полска и Унгарија. |
| 1705 | Папа Климент XIV, римски папа од 19 мај 1769 до 22 септември 1774 година. |
| 1835 | Адолф фон Бајер, германски хемичар. |
| 1838 | Луис I Португалски, португалски крал. |
| 1920 | Фриц Валтер, германски фудбалер. |
| 1919 | Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија. |
| 1930 | Мајкл Колинс, американски астронаут. |
| 1942 | Атанас Ќушкоски, македонски драмски писател. |
| 1947 | Херман ван Ромпој, белгиски политичар. |
| 1961 | Питер Џексон, новозенландски режисер. |
| 1964 | Марко Ван Бастен, холандски фудбалер. |
| 1968 | Ванила Ајс, американски рапер. |
| 1971 | Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избиле во 1991 година во СФРЈ. |
| 1972 | Григорис Георгатос, грчки фудбалер. |
| 1976 | Гути, шпански фудбалер. |
| 1979 | Симао Саброса, португалски фудбалер. |
Починале:
| 1448 | Јован VIII Палеолог - претпоследен византиски цар. |
| 1851 | Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора. |
| 1898 | Јосиф Ковачев, македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник. |
| 1984 | Индира Ганди, премиер на Индија и истакнат лидер на Движењето на неврзаните. |
| 1987 | Џозеф Кембел, американски митолог . |
| 1993 | Федерико Фелини, италијански филмски режисер. |
| 2002 | Михалис Стасинопулос, претседател на Грција. |
| 2006 | Питер Бота, претседател на ЈАР. |
Празници:
| * | Светски ден на штедењето |
| * | Ноќ на вештерките |
| * | Ден на реформацијата. Празник на Протестантската црква, особено за Лутеранците. Државен празник во Чиле. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |