28 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
28 септември е 271-иот ден во годината според григоријанскиот календар (272-и во престапна година). Остануваат 94 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1864 | Во Лондон е формирана Првата интернационала. |
| 1867 | Торонто станува главен град на Онтарио. |
| 1898 | Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објавил резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги открил вистинските причинители и пренесувачи на маларијата. |
| 1993 | Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија. |
| 1994 | Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин. |
Родени:
| 551 п.н.е. | Конфучиј, прочуен кинески философ († 479 п.н.е.) |
| 58 п.н.е. | Ливија Друсила, сопруга на Римскиот император Октавијан, мајка на императорите Тибериј и Друз († 29) |
| 1571 | Микеланџело Мериси да Караваџо, италијански сликар († 1610) |
| 1841 | Жорж Клеменсо, француски политичар. |
| 1982 | Александар Ањуков, руски фудбалер. |
Починале:
| 1891 | Херман Мелвил, еден од најголемите американски писатели кој низ симболи и алегорија многу често укажувал на себичноста и комерцијализацијата на општеството. Своите доживувања на морнарите и ловците на китови ги изнел во многу приказни и романи. Најпознато негово дело е романот „Моби Дик“. |
| 1895 | Луј Пастер, француски хемичар и биолог. Ја открил вакцината против беснило, утврдил дека ферментацијата е биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната реакција на микроорганизмите. |
| 1960 | Наум Наумовски - Борче, народен херој на Македонија. |
| 1994 | Вангел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство. |
| 2010 | Михаил Левенски, познат македонски поет, раскажувач, драмски автор, хуманист, филозоф и невропсихијатар. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |