22 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
22 септември е 265-иот ден во годината според григоријанскиот календар (266-и во престапна година). Остануваат 100 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1792 | Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј Шеснаесетти и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република. |
| 1862 | Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци. |
| 1933 | Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. |
| 1991 | За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. |
| 1992 | Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. |
| 1992 | Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. |
| 1993 | Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. |
Родени:
| 1515 | Ана Клевска, сопруга на Хенри VIII. |
| 1552 | Василиј IV, руски цар. |
| 1791 | Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. |
| 1882 | Вилхелм Кајтел, германски генерал. |
| 1885 | Гунар Асплунд, шведски архитект. |
| 1898 | Борис Спиров, македонски лекар и политичар. |
| 1935 | Беќир Жута, македонски економист и политичар. |
| 1958 | Андреа Бочели, италијански пејач. |
| 1979 | Дивна Пешиќ, македонска спортистка. |
| 1980 | Инио Асано, јапонски манга автор. |
| 1984 | Тијаго Силва, бразилски фудбалер. |
Починале:
| 530 | Папа Феликс IV, римски папа. |
| 1774 | Папа Климент XIV, римски папа. |
| 1921 | Иван Вазов, бугарски поет. |
| 1938 | Тодор Станков, македонски револуционер. |
| 1944 | Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија. |
| 2009 | Коле Чашуле, македонски писател. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |