19 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
19 септември е 262-иот ден во годината според григоријанскиот календар (263-и во престапна година). Остануваат 103 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1985 | Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари. |
| 1992 | Во селото Стајковци, скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“. |
| 1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ). |
| 1996 | Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
Родени:
| 1551 | Анри III, француски крал. |
| 1911 | Вилијам Голдинг, англиски писател. |
| 1949 | Лесли Хорнбај, aнглиски модел. |
| 1958 | Лита Форд, американска рок пејачка. |
| 1966 | Андреј Луговој, руски политичар и бизнисмен. |
| 1968 | Лила Даунс, мексиканска пејачка . |
| 1970 | Игор Исаковски, македонски поет. |
| 1972 | Ашот Наданјан, ерменски шахист. |
Починале:
| 1881 | Џејмс Гарфилд, претседател на САД. |
| 1929 | Георги Баждаров, македонски револуционер. |
| 1941 | Аце Дорев, македонски револуционер. |
| 1942 | Рампо Левков - Левката, македонски борец и народен херој. |
| 1944 | Ѓоце Стојчевски - Амбарче, македонски борец и народен херој. |
| 1944 | Тодор Циповски - Мерџан, македонски борец и народен херој. |
| 1985 | Итало Калвино, италијански писател. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |