Игор Исаковски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Игор Исаковски (Скопје, 19 септември 1970) е македонски поет, прозаист, преведувач, уредник[1].

Содржина

[уреди] Биографија

Исаковски е роден на 19 септември 1970 во Скопје. Работел како радио и ТВ водител од 1991-1999, 2001-2003, на различни фреквенции. Основач е и директор на културната установа Блесок. Работи како главен и одговорен уредник и вебмастер на истоименото списание. Уредник е на списанието на Независни писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Преведува поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, словенечки, српско-хрватски-босански-црногорски. Во негов превод на македонски, објавени се книгите на Алеш Дебељак (2), Лудвиг Гиц, Марија Тодорова, Душан Гојков, Клод Фримен, Роберт Млинарец, Јосип Ости (8), Рони Сомек, М.Т.Ц. Кронин, Горан Глувиќ, Томас Шапкот, Џек Галмиц, Герит Бусинк, Ханс ван де Ваарсенбург, Том Петсинис (2), Сибила Петлевски (2), Хенк ван Керквијк (Дејвид Винвуд), Павле Горановиќ, Предград Луциќ, Хенри Милер, Оља Савичевиќ Иванчевиќ, како и една антологија на црногорската поезија.

Објавува во многу домашни и странски списанија. Делата му се објавени на англиски, холандски, романски, словенечки, хрватски, српски, бугарски, црногорски, босански, чешки, унгарски, полски, словачки, корејски, хебрејски и турски, во дваесетина земји.

[уреди] Објавени дела

Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири - Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005), Blues говорница II (многу куси текстови, 2006, годишна награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007), Стажирајќи за светец (поезија, 2008), Ноќта е најтемна пред разденување (поезија, 2009).

[уреди] Избори и преводи на други јазици

Sky (поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (раскази на англиски, 2003)

[уреди] Антологии

Ернест.01 (избор од раскази објавени во Блесок, 1998-2003), Морфеј.01 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1960-1977), Морфеј.02 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1930-1959)

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник