29 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Септември 2024

29 септември — 272-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.

Настани:

1938  Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор.
1941  Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Крлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1941  Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна.
1991  Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“.
1993  Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

Родени:

1571  Микеланџело Меризи да Караваџо — италијански барокен сликар.
1758  Хорацио Нелсон — британски адмирал.
1864  Мигел де Унамуно — шпански писател и филозоф.
1881  Лудвиг фон Мизес — австриско-американски економист.
1895  Харолд Хотелинг — американски математичар, статистичар и економист.
1901  Енрико Ферми — италијански физичар.
1904  Николај Алексеевич Островски — руски писател.
1912  Микеланџело Антониони — италијански режисер.
1913  Силвио Пјола — италијански фудбалер.
1922  Александар Зиновјев — руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар.
1922  Олга Јевриќ — српска скулпторка.
1935  Џери Ли Луис — американски рокенрол-музичар.
1936  Силвио Берлускони — италијански деловник и политичар.
1939  Џим Бакстер — шкотски фудбалер.
1943  Волфганг Оверат — германски фудбалер.
1943  Лех Валенса — претседател на Полска.
1950  Вилсон Џони — хрватски и југословенски фудбалер.
1953  Анте Чачиќ — хрватски фудбалски тренер.
1956  Себастијан Коу — британски атлетичар.
1960  Џон Паксон — американски кошаркар.
1976  Андриј Шевченко — украински фудбалер.
1984  Пер Мертезакер — германски фудбалер.
1988  Кевин Дурант — американски кошаркар.
1989  Јевхен Конопјанка — украински фудбалер.
1995  Матијас Лесор — француски кошаркар.

Починале:

1902  Емил Зола — француски писател.
1908  Мачадо де Асис — бразилски писател.
1914  Стеван Мокрањац — српски композитор.
1930  Иљја Репин — истакнат руски сликар.
1997  Рој Лихтенштајн — американски сликар.
2010  Тони Кертис — американски глумец.
2015  Фил Вудс — американски џез-музичар.

Празници:

Светски ден на срцето