1953
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1953 MCMLIII |
| Ab urbe condita | 2706 |
| Асирски календар | 6703 |
| Бахајски календар | 109–110 |
| Бенгалски календар | 1360 |
| Берберски календар | 2903 |
| Будистички календар | 2497 |
| Бурмански календар | 1315 |
| Византиски календар | 7461–7462 |
| Еврејски календар | 5713–5714 |
| Ерменски календар | 1402 ԹՎ ՌՆԲ |
| Етиопски календар | 1945–1946 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 953–954 |
| Ирански календар | 1331–1332 |
| Исламски календар | 1372–1373 |
| Јапонски календар | Период Шова 28 (28年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 壬辰年月日 (4589/4649) — до —
癸巳年月日(4590/4650) |
| Коптски календар | 1669–1670 |
| Корејски календар | 4286 |
| Календар Мингуо | Република Кина 42 民國42年 |
| Селевкидски календар | 2264–2265 |
| Тајландски сончев календар | 2496 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2009–2010 |
| - Шака самват | 1875–1876 |
| - Кали југа | 5054–5055 |
| Француски револуционерен календар | CLXI–CLXII 161–162 |
| Холоценски календар | 11953 |
| Џуче-календар | 42 |
1953 (MCMLIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1953. година од новата ера, 953. од вториот милениум, 53. од 20 век и четвртта од 1950-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7461 и 7462 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6703 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5713 и 5714 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2706.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1953. година се протега во 4589 и 4590, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4649 и 4650 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2496. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1372 и 1373 исламска година.
Настани [уреди]
јануари [уреди]
- 13 јануари - Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.
- 17 јануари - Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
февруари [уреди]
- 28 февруари - Југославија, Грција и Турција го потпишуваат Балканскиот пакт.
- 28 февруари – Џејмс Вотсон и Френсис Крик објавуваат дека ја откриле структурата на молекулата на ДНК.
март [уреди]
април [уреди]
- 7 април – Даг Хамаршелд е избран за генерален секретар на Обединетите Нации.
мај [уреди]
- 2 мај – Хусеин е крунисан за крал на Јордан.
- 29 мај – Едмунд Хилари и Тензенг Норгај стануваат првите луѓе што се искачуваат на врвот на Монт Еверест.
јуни [уреди]
- 16 јуни – Југославија и СССР воспоставуваат дипломатски односи.
- 17 јуни – Советските трупи го задушуваат работничкото востание во Источна Германија.
- 18 јуни - Египет се прогласува за република.
- 19 јуни – Во САД се погубени Џулиус и Етел Розенберг.
- 26 јули – Фидел Кастро и неговите приврзаници вршат неуспешен обид за соборување на Фулгенсио Батиста.
- 27 јули – Северна Кореја, Јужна Кореја, САД и Народна Република Кина потпишуваат договор за прекин на огнот со што заврши Корејската војна.
јули [уреди]
август [уреди]
- 8 август – Советскиот премиер Георги Маленков објавува дека СССР поседува хидрогенска бомба.
- 19 август – Во Иран, со помош на САД, е соборена владата на Мохамед Мосадех.
септември [уреди]
октомври [уреди]
ноември [уреди]
декември [уреди]
- 23 декември – СССР официјално објавува дека Лаврентиј Берија е егзекутиран.
Родени [уреди]
- 25 февруари - Хозе Марија Азнар, шпански премиер
- 16 март - Ричард Сталман, американски информатичар, основач на движењето за Слободен Софтвер
- 6 мај - Тони Блер, британски премиер
- 21 јуни - Беназир Буто, пакистанска премиерка
- 15 јули - Жан-Бертран Аристид, хаитски претседател
- 22 септември - Сеголен Ројал, француска политичарка
- 14 ноември - Доминик де Вилпен, француски премиер
- 8 декември - Ким Бесинџер, американска актерка
Починале [уреди]
- 5 март - Јосиф Сталин, советски диктатор
- 5 март - Сергеј Прокофјев, руски композитор
- 7 април - Димитар Влахов, македонски револуционер и државник
Видете исто:
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1953“ |