27 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

27 јули е 208-иот ден во годината според григоријанскиот календар (209-и во престапна година). Остануваат 157 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2014

Настани[уреди]

1830  Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
1839  Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
1981  Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1989  Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
2001  САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.


Родени[уреди]

1452  Лудовико Сфорца, милански војвода.
1832  Ѓура Јакшиќ, најголемиот лиричар во српскиот романтизам и еден од најталентираните српски сликари на XIX век.
1835  Џозуе Кардучи, италијански поет, добитник на Нобелова награда за литература во 1906 година.
1874  Иван Ачков, македонски револуционер.
1915  Марио дел Монако, италијански драмски тенор.
1946  Раде Шербеџија, српски актер и пејач со потекло од Хрватска.
1965  Хозе Луис Чилаверт, парагвајски голман.
1972  Јанко Нинов, македонски поет.
1977  Џонатан Рис Маерс, ирски актер.
1983  Горан Пандев, македонски фудбалер


Починале[уреди]

916  Климент Охридски, словенски просветител.
1061  Папа Никола II, римски папа.
1741  Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1841  Михаил Јурјевич Лермонтов, руски поет, еден од најголемите светски романтичари, автор на познатиот роман во стихови Демонот.
1844  Џон Далтон, англиски хемичар и физичар.
1880  Мохамед Реза Пахлави, ирански шах во прогонство, кој 37 години владеел со Иран. Роден е во 1819 година
1950  Вецко Домазетовски, македонски есеист.
1981  Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1982  Загорка Миќиќ, југословенски и македонски доктор по философија.
2001  Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА.
2010  Димитар Циев, југословенски и македонски одбојкар.


Празници[уреди]

27 јули (празници)

јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември