25 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
25 јули е 206-иот ден во годината според григоријанскиот календар (207-и во престапна година). Остануваат 159 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1878 | Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон. |
| 1917 | Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна. |
| 1945 | Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави. |
| 1968 | Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето. |
| 1984 | Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство. |
Родени:
| 1894 | Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд. |
| 1919 | Илија Антевски - Смок, македонски комунист. |
| 1920 | Розалинд Френклин, англиски научник. |
| 1920 | Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар. |
| 1925 | Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. |
| 1946 | Љупка Димитровска, македонска пејачка. |
| 1966 | Сервет Хајредини, поранешен член на ОНА. |
| 1973 | Билјана Беличанец - Алексиќ, македонска глумица. |
| 1976 | Јовица Тасевски - Етернијан, македонски поет. |
| 1978 | Луис Џој Браун, првото бебe од епрувета. |
| 1981 | Кевин Кузманов, американски безбол играч со македонско потекло. |
| 1986 | Андреј Шкиотов, руски кану спринтер. |
Починале:
| 1492 | Папа Инокентие VIII, римски папа. |
| 1533 | Атахуалпа, последен владетел на Тавантинсују. |
| 1564 | Фердинанд I, цар на Светара Римска Империја. |
| 1794 | Андре Шение, француски поет. |
| 1834 | Семјуел Тејлор Колриџ, aнглиски поет. |
| 1980 | Владимир Висоцки, советски пејач. |
| 1986 | Винсент Минели, американски филмски режисер. |
| 1987 | Крсто Симовски, учесник во НОВ. |
| 1999 | Богољуб Арсиќ, учесник во НОВ. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |