Куширо Хајаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Куширо Хајаши
Роден 25 јули 1920
Починал 28 февруари 2010
Кјото
Националност Јапонец
Полиња астрофизичар
Установи Кјото универзитет
Образование Универзитет Токио
Влијание од Јукава
Поважни награди „Едингтон медаља“ во 1970
„Кјото награда“ во 1995
„Брус медаља“ во 2004

Куширо Хајаши (林忠四郎) (роден 25 јули 1920 - почина на 28 февруари 2010 во Кјото) беше јапонски астрофизичар. Хајаши патеката од Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм е наречена по него.

Има добиено „Едингтон медаља“ во 1970 година, „Кјото награда“ во 1995, и „Брус медаља“ во 2004 година.

Докторирал физика на Универзитетот во Токио во 1942 година. Работи како истражувач на универзитетот Осака. Направил измени во биг бенг нуклеосинтетичкиот модел.[1] Негово најпознато дело се астрофизичките пресметки кои довеле до Хајаши патеката од ѕвездениот развој,[2] како и Хајаши ограничувањето кое поставува ограничување на радиусот на ѕвездите. Се занимавал и со проучување на кафеавите џуџиња, најмалите ѕвезди.[3]

Хајаши се пензионирал во 1984 година. Почина на 28 февруари 2010 година во Кјото.[4]

Наводи[уреди]

  1. Hayashi, C. (1961). „Proton-neutron concentration ratio in the expanding Universe at the stages preceding the formation of the elements“. „Progress of Theoretical Physics (Japan)“ 5: 224–235. doi:10.1143/PTP.5.224. 
  2. Hayashi, C. (1961). „Stellar evolution in early phases of gravitational contraction.“. „Publ. Astron. Soc. Jap.“ 13: 450–452. 
  3. Hayashi, C.; T. Nakano (1963). „Evolution of Stars of Small Masses in the Pre-Main-Sequence Stages“. „Progress of Theoretical Physics“ 30 (4): 460–474. doi:10.1143/PTP.30.460. 
  4. Award-winning Japanese astrophysicist Hayashi dies at 89“, 1 март 2010 (конс. 1 март 2010).

Надворешни врски[уреди]