Јапонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јапонија
日本国
Ниппон-коку
Знаме
ХимнаКими га Јо (君が代?)
("Нека твоето владеење трае засекогаш")
Владин печат:
Печат на канцеларијата на Премиерот и Владата на Јапонија
Павловнија (五七桐 Го-Шичи но Кири?)
Главен град
(и најголем)
Токио (де факто)1
35°41′ СГШ 139°46′ ИГД / 
Службен јазик Нема закон кој ги определува официјалните јазици.[1] Јапонскиот е ширум познат и зборуван.
Признаени регионални јазици Аину, источен јапонски, западен јапонски, рјукјуан, и неколку други јапонски дијалекти
Национален јазик Јапонски
Народности  98,5% Јапонци, 0,5% Корејци, 0,4% Кинези, 0,6% други[2]
Демоним Јапонец
Уредување Парламентарна уставна монархија
 -  Цар Акихито
 -  Премиер Јошихико Нода
Законодавство Парламент
 -  Горен дом Дом на советници
 -  Долен дом Дом на претставници
Создавање
 -  Ден на основањето на нацијата 11 февруари, 660 п.н.е.3 
 -  Уставот Меиџи 29 ноември, 1890 
 -  Моментален устав 3 мај, 1947 
 -  Договорот од
Сан Франциско

28 април, 1952 
Површина
 -  Вкупна 377,873 км2 (62ра)
 -  Вода (%) 0,8
Население
 -  проценка за 2007 127.433.494 (10та)
 -  Попис 2004 127.333.002 
 -  Густина 337 жит/км2 (30та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $4.292 трилиони[3] (3та)
 -  По жител $33.596[3] (22ра)
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $4.381 трилиони[3] (2ра)
 -  По жител $34.296[3] (22ра)
Џини  38,1 (2002)[4] 
ИЧР (2006) 0,956 (висок) (8ма)
Валута Меѓународен симбол ¥ именуван (Јен)
Јапонски симбол наречен (Ен)
(JPY)
Часовен појас ЈСВ (UTC+9)
 -  (ЛСВ) нема (UTC)
Датумски формати гггг-мм-дд
гггг年м月д日
Ера гг年м月д日 (н.е.−1988)
Се вози на лево
НИД .jp
Повик. бр. 81
1. Јокохама е најголемиот вклопен град.
2. „World Factbook; Japan—Economy“. ЦИА. 2006-12-19. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/ja.html#Econ. проверено на 2006-12-28. 
3. Според легендите, Јапонија била основана на овој датум од Императорот Џимму, првиот император на Јапонија; повеќе се смета за симболично.
書.svg
Оваа статија содржи јапонски текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо канџи и кана.

Јапонија (јапонски: 日本) е островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Јапонија има население од 127.333.002 жители. Главен град на Јапонија е Токио.


Содржина

Региони [уреди]

Територијата на Јапонија е поделена на региони. Јапонија се состои од четири главни острови и голем број на помали острови. Најголемите и главни острови се, од север кон југ, Хокаидо (北海道), Хоншу (本州, најголемиот остров), Шикоку (四国), и Кјушу (九州). Исто така Јапонија се состои од 6 800 острови со брег од 100 метри или повеќе. Хоншу, убедливо најголемиот и најнаселениот остров во Јапонија, е поделен на пет региони. Другите острови не се поделени на подрегиони, па така секој претставува еден регион. Од север кон југ тие се:

  1. Хокаидо - најголеми градови се Сапоро и Хакодате.
  2. Тохоку - североисточен Хоншу во кој најголемите градови се Сендаи и Фукушима.
  3. Kанто - крајбрежна низина која ги вклучува Токио, Кавасаки, Јокохама и Јокосука. Тука исто така спаѓаат општините Гунма, Саитама, Чиба, Точиги и Ибараки.
  4. Чубу - планински среден регион доминиран од Јапонските Алпи и четвртиот најголем град во Јапонија Нагоја.
  5. Кинки (значи: близу главниот град) - Познат и како Кансаи регион, древен културен центар и трговски центар кој ги вклучува Осака, Кјото, Хјого, Нара, Вакајама и Шига.
  6. Чугоку (значи: Кина) - ги вклучува градовите Хирошима и Окајама.
  7. Шикоку - најмалиот од четирите острови, познат како дестинација за будистичките аџии. Најважните градови се Мацујама и Такамацу.
  8. Кјушу - најјужниот од четирите главни острови. Најважните градови се Фукуока, Китакјушу и Нагасаки.
  9. Окинава - полутропски јужен ланец на острови кој се протега до Тајван. Единствениот голем град е Наха.

Често, поради својата големина, Окинава се брои заедно со Кјушу како Кјушу/Окинава регион.

Географија на Јапонија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јапонски Архипелаг.

Јапонија, земја на острови, се протега по источниот брег на Азија. Главните острови (Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу) некогаш се нарекуваат и домашни острови. Наха, на островот Окинава, во Рјукју архипелагот, се наоѓа 600 km на југозапад од Кјушу. Во поголемиот дел од островите во Јапонија спаѓаат 3,000 помали острови од архипелагот.

  • Површина: 377,835 km (вклучувајќи 3,091 km² територијални води)
  • Поголеми острови: Хоншу, Хокаидо, Кјушу, Шикоку
  • Брегови линии: 29,751 km²
  • Вештачки формирана земја во Токискиот залив: 249 km²
  • Највисок врв: Фуџи: (3776m)
  • Најниска точка: Хачиро-гата -4 m

Јапонија е 16та најгусто населена земја во светот. Но, со оглед на тоа што 73% од земјата е планинска, со ланец планини кој се протега низ секој остров рамното земјиште е ограничено. Распоредот на населението е определен според верувањето дека планините се наменети за боговите, па така има мал агрикултурен и архитектонски развиток во планините низ Јапонија. Друга причина за недостатокот на развој во јапонските планини се земјотресите кои константно предизвикуваат лизгање на земјиштето на јапонските ридови.

Јапонија е ситуирана во вуланска заона на пацифичкиот огнен прстен. Фреквентни слаби потреси и повремени вулкански ерупции се чувствуваат низ островите. Деструктивни земјотреси, кои често резултираат во цунами, се случуваат повеќе пати во текот на еден век. Најскорешните земјотреси се оној од 2004 во Чуецу, и големиот зејотрес во Ханшин од 1995. Редовна појава во Јапонија се геотермалните извори (онсен), кои се максимално искористени како престојувалишта.

Етимологија на име [уреди]

Името Јапонија е егзоним. Јапонските имиња за Јапонија се Нипон (にっぽん?) и Нихон (にほん?);Обете имиња се пишуваат користејќи ги Кaнџи знаците 日本. Името Ниппон се користи за повеќето официјални потреби како што се на Јапонскиот јен, поштенскитемарки и интернационални спортски натпревари. Нихон е послободна варијанта и се користи разговорно. Јапонците себе си се нарекуваат Нихонџин (日本人?) а нивниот јазик Нихонго (日本語?). И Нихон и Нипон значат „потекло на сонцето“ и често се преведуваат како Земја на Изгрејсонцето. Ова именување потекнува од позицијата на Јапонија источно од Кина. Пред Нихон да добие официјална употреба, Јапонија била позната како Ва (倭?) или Вакоку (倭国?).[5]

Историја [уреди]

Клима [уреди]

Политички систем [уреди]

Административна поделба [уреди]

Економија [уреди]

Население, јазик и религија [уреди]

Култура во Јапонија [уреди]

Музика во Јапонија [уреди]

Спорт [уреди]

Sumo wrestlers competing in Tokyo

Традиционално, сумото е сметан за национален спорт на Јапонија. Јапонските боречки вештини како џудо, карате и кендо се истотака широко распространети и гледачите од целиот свет сакаат да ги гледаат. По Меиџи реставрацијата, многу Западни спортови се претставени во Јапонија и започнаа да се прошируваат низ училишниот свет. Јапонија беше домаќин на Летните Олимписки Игри во Токио во 1964г. Јапонија истотака двапати беше домаќин на Зимските Олимписки Игри: во Нагано во 1998г. и во Сапоро во 1972г.

Професионалната бејзбол лига во Јапонија беше воспоставена во 1936г. Денес бејзболот е најпопуларен спорт за гледачите во оваа земја. Еден од најпознатите професионални бејзбол играчи е Ичиро Сузуки, кое моментално игра за Сиетл Маринерс. Садахару Ох беше многу познат надвор од границите на Јапонија , кој имаше повеќе хоумрани во својата кариера од колку што Хенк Арон имаше во САД. Од воспоставувањето на Јапонската Професионална Фудбалска Лига во 1992, фудбалската асоцијација доби широко пространство. Јапонија беше местото каде се одржа Интерконтиненталниот куп од 1981 to 2004 и ко-домаќин на Светското првенство во фудбал во 2002г. со Јужна Кореја. Јапонија го има еден од најуспешните фудбалски тимови во Азија, кој го има освоено Азискиот Куп четири пати.

Голфот истотака е популарен во Јапонија, како и формите на тркање со автомобили, како СУПЕР ГТ спортските трки и тркањет со формули. Твин Ринг Монтеги беше завршен во 1997г. од страна на Хонда со цел да го донесат ИндиКар тркањето и во Јапонија.

Наводи [уреди]

  1. „法制執務コラム集「法律と国語・日本語」“. Легислативно биро на домот на советниците. http://houseikyoku.sangiin.go.jp/column/column068.htm. проверено на 2009-01-19. 
  2. CIA Factbook: Japan
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Јапонија“. ММФ. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2008/02/weodata/weorept.aspx?pr.x=50&pr.y=11&sy=2004&ey=2008&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=158&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=. проверено на 2008-10-09. 
  4. CIA World Factbook[Џини ранкови]
  5. Piggott, Joan R. (1997). The emergence of Japanese kingship. Stanford University Press. pp. 143–144. ISBN 0-8047-2832-1.

Надворешни врски [уреди]

Видете исто така [уреди]