Напад на Перл Харбор
| Нападот на Перл Харбор | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од серијалот „Борбите во Пацификот во Втората светска војна“ | |||||||
Фотографија на Перл Харбор од јапонски авион на почетокот на нападот. |
|||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Команданти и водачи | |||||||
| Морнарица: Војска: |
Морнарица: Морнаричка авијација: |
||||||
| Сила | |||||||
| 8 бојни брода, 8 крстосувачи, 30 разурнувачи, 4 подморници, 49 други бродови,[1] околу 390 авиони |
6 носачи на авиони, 2 бојни брода, 2 тешки крстосувачи, 1 лесен крсторувач, 9 разурнувачи, 8 танкери, 23 подморници, 5 мини-подморници, 414 авиони |
||||||
| Жртви и загуби | |||||||
| 5 бојни бродови потопени, 3 оштетени 3 крстосувачи оштетени 2 разурнувачи потопени, 1 оштетен 1 друг брод потопен, 3 оштетени [2] 188 авиони уништени, 155 авиони оштетени, 2.345 војници и 57 цивили загинати, 1.247 војници и 35 цивили ранети[3][4] |
4 мини-подморници потопени, 1 мини-подморница се насукала, 29 авиони уништени, 55 воздухопловци, 9 подморничари убиени, еден заробен[5] |
||||||
Нападот на Перл Харбор или Операцијата Хаваи како што ја нарекувале во Царскиот јапонски генерал-штаб, бил ненадеен воен напад извршен од јапонската царска морнарица против воено-поморската база Перл Харбор на Хаваите (САД) утрото на 7. декември 1941 година. Нападот го означил преминот на САД од неутрална земја во Втората светска војна во инволвирана на страната на сојузниците. Целта на нападот била воено да се оневозможи Пацифичката флота на САД, за Јапонија да може непречено да ги води воените операции против Велика Британија и Холандија во Југозападна Азија. Нападот се состоел од два последователни воздушни брана од вкупно 353[6] авиони кои полетале од 6 јапонски носачи на авиони.
Нападот на Перл Харбор успеал во целост, бидејќи јапонците за само 90 минути колку што траела операцијата, целосно ја уништиле Пацифичката флота и предизвикале огромни загуби во војници и инфраструктура кај САД. Нападот бил значајна пресвртница во Втората светска војна, бидејќи го променил јавното мислење и политиката во САД од изолационизам кон целосно прифаќање на учеството во војната.
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Бродови во Перл Харбор во 8 часот на 7 декември 1941, Историски центар на Морнарицата на САД
- ↑ [http://www.ibiblio.org/hyperwar/USN/rep/Pearl/CinCPac-Damage.html Извештај за штетите на бродовите во Перл Харбор.
- ↑ Conn 2000, стр. 194 (Navy and Marines: 2,117 killed in action or died of wounds, 779 wounded; Army 215 killed in action or died of wounds, 360 wounded).
- ↑ GPO 1946, стр. 64-65.
- ↑ Martin Gilbert, The Second World War(1989) стр. 272
- ↑ Parillo 2006, стр. 288

