Југословенски партизани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Југословенскo партизанско знаме

Југословенски партизани, или едноставно Партизани [1] (официјално име Народноослободителна војска на Југославија [2]) биле вооружени сили на националното движење за ослободување на Југославија (Југословенски фронт), предводени од Комунистичката партија на Југославија на чело со Тито, за време на Втората светска војна. Првите партизански одреди биле формирани во јуни 1941 година, а во март 1945 година, партизанските единици се трансформирале во ЈНА, редовна воена формација на Демократска Федеративна Југославија. Поради честата реорганизација, за време на војната, неколку пати се менувале имињата овие воени формации:

Народноослободителни партизански одреди на Југославија (НПОЈ) - од јуни 1941 година до јануари 1942 година.
Народноослободителна партизанска и волонтерска војска на Југославија - од јануари 1942 година од ноември 1942.
Народноослободителна војска и партизанските одреди на Југославија - од ноември 1942 до март 1945 година.

Извори[уреди]

  1. Curtis, Glenn E. (1992). Yugoslavia: A Country Study. Library of Congress. p. 39. ISBN 0-8444-0735-6.
  2. Trifunovska, Snežana (1994). Yugoslavia Through Documents:From Its Creation to Its Dissolution. Martinus Nijhoff Publishers. p. 209. ISBN 0-7923-2670-9.