Малдиви

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
ދިވެހިރާއްޖޭގެ ޖުމުހޫރިއްޔާ
Divehi Rājje ge Jumhuriyyā
Република Малдиви
Знамето на Малдиви
(Знамето на Малдиви) (Грбот на Малдиви)
Национално мото: -
Национална химна: Gavmii mi ekuverikan matii tibegen kuriime salaam
"Во единство ја поздравуваме нацијата"
Местоположба на Малдиви
Официјален јазик малдивски (дивехи)
Главен град Мале
Државно уредување Република
Најголем град Мале
Претседател Мухамед Вахид Хасан
Површина
- Вкупно
- % вода
115та во светот
298km²
0%
Население
- 2006
- Густина
176та во светот
298.842 [1]
1.105
Основање 26.061965., Независност од Обединетото Кралство
БДП
- Вкупно (2003)
- БДП по жител
79та во светот
2,569 милијарди УСД
7.675 УСД
Валута Руфија
Временска зона
UTC(ГМТ)+5
Интернет домен .mv
Повикувачки број +960

Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија.

Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.

Главни индустрии се туризмот и рибарството.


Содржина

[уреди] Историја

Малдивските Острови од вселената. Слика од НАСА.

Првите познати жители биле Будисти, со потекло од околните Индија и Шри Ланка, од времето на 3. век п.н.е. Населението останало со будистичка религија до 12. век. Во 1153. Малдивите биле освоени од исламски освојувачи (веројатно Арапи) кои го формирале Независниот Исламски Султанат, го усвоиле Исламот, и тој останал доминантна религија до денес.

Малдивите од 1887 биле британски протекторат, а се здобиле со независност од Обединетото Кралство во 1965. Во 1968. султанатот бил заменет со република.


[уреди] Туризам

Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. [1]

Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.

Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи.

Зградите на типичен комплекс се ниски, еднокатни или приземни, и секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.

Типичен Малдивски туристички комплекс.

Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава: излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.


[уреди] Рибарство

Традиционален рибарски брод „дхони“ без едро.

Малдивската економија била целосно зависна од рибарството во текот на илјадници години. Малдивските морски полжави, масло од семени китови и сушена туна биле прочуени во целиот свет. Голем дел од населението и денес се занимава со рибарство. Рибарството учествува со 15% во БДП, и е втора извозна дејност, по туризмот.


[уреди] Опасност од глобалното затоплување

Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.

Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.


[уреди] Цунами од 2004-та

На 26.12.2004 Малдивите биле тешко оштетени од цунами кој настанал како резултат на Земјотресот во Индискиот Океан во 2004. Само 9 острови не биле поплавени, додека 57 преживеале сериозни оштетувања на основната инфраструктура. 14 острови биле целосно евакуирани, а 6 острови исчезнале. 108 лица, од кои 6 странци загинале. Штетата била проценета на преку 400 милиони УСД, или преку 62% од БНП.


[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици