Аеродром
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Аеродром (воздушна патека) е првично наменето за приземјување на летала, т.е., авиони и хеликоптери. Ваквиот терен е обично уреден со објекти и инсталации наменети за сместување, одржување, полетување и спуштање на воздухопловни летала. Аеродромите мора да имаат воспоставено врска со околните аеродроми. Во Република Македонија има 2 цивилни и повеке спортски и воени аеродроми. Цивилните аеродроми се наоѓаат во Скопје и во Охрид.
[уреди] Инфраструктура
Помалите аеродроми, често имаат само една писта која е пократка од 1000 метри. Но поголемите аеродроми обично имаат писти кои се подолги и од 2000 метри. Многу мали аеродроми имаат земјени писти наместо асфалт.
Најдолгата јавна писта во светот е во Аеродромот Чангду Бангда во Кина. Должината на пистата изнесува 5500 метри, а најшироката асфалтирана писта се наоѓа во Аеродромот Улјановск Восточни во Русија, и неговата ширина изнесува 105 метри.

