Авион

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
првиот лет 1903 година

Авион е летечка направа со неподвижни ( фиксни) крила и мотор. Првиот авион, наречен Флаер, е измислен во САД од страна на браќата Орвил и Вилберт Рајт. Првиот документиран полет е направен на 17 декември 1903 година и траел 12 секунди. Тој ден се напревени вкупно 4 летови од кои најдолгиот треал 59 секунди и биле прелетани 279 метри.[1] Веќе во 1905 година е изведен првиот контролиран лет од страна на Флеар 3.

Во Првата светска војна, авионите почнале да се користат како оружје. Најпознат пилот со најмногу победи од тоа е време е германецот Манфред Вон Рихтофен, попознат како Црвениот барон. Помеѓу двете светски војни има забрзан развој на авионите. Во 1919 година Alcock i Brown го прелетуваат Атланскиот океан, а во 1927 година Чарлс Линдберг сам го прелетува истото растојание. Истата година се воведуваат редовни летови помеѓу САД и Канада, а во 1930 година почнува и развојот на млазниот мотор кој почнува да се вградува во авионите во почетокот на Втората светска војна. Авионите имаат пресудна улога за резултатот од војната. Авионите се користат и за комерцијални цели, како за превоз на патници така и за превоз на товар. Еден од најпознатите патнички авиони е Боинг 707 кој е во употреба цели 50 години.

Типови авиони[уреди]

Модерните авиони денес можат да летат со брзина од над 800 км/ч, а во зависност од типот полетуваат со брзина од 130 до 290 км/ч.

Типови авиони:

  • мали авиони за тренинг и рекреација се до големи патнички;
  • транспортни цивилни и воени авиони;
  • авиони чиј крила се собираат кога се на земја ( фиксни неподвижни во лет) поради полесен транспорт или сместување на поголем број авиони на носачите на авиони;
  • авиони со променлива геометрија на крила. Овие авиони кога ќе ја постигнат оптималната брзина и висина при летање ги “повлекуват“ крилата кон трупот, со тоа се намалува нивниот распон.

Едни од најпознатите авиони во светот се : Боинг 727, Боинг 737, Боинг 747, Боинг 777, Ербас А320, Ербас А330, Ербас А340 ,Локид Л1011 ,МекДонел Даглас МД82, АТР72, Цесна 172 и др.

Фабрики за авиони[уреди]

Најголеми и најпознати фабрики за изработка на авиони се Боинг и Ербас. Нормално, постојат и други фабрики Фокер, Даглас, АТР, Саб но првите две се со најголем број на продадени авиони. Во моментот Боинг е пред Ербас но тоа се должи на фактот што Боинг се занимава со изработка и продажба на авиони од почетокот на 20 век, додека Ербас од крајот на 70-сетите години на минатиот век.

Боинг е првиот произведувач на авиони. Седиштето му е во САД. До скоро беше сопственик на најголемиот патнички авион во светот Боинг 747 популарен како Џамво Џет. Боинг е убедливо лидер по бројот на продадени авиони, а нивниот најпопуларен авион Боинг 737 е продаден во повеќе примероци отколку сите продадени авиони од компанијата Ербас.

Ербас е произведувач на авиони од Европската унија. Акциите на компанијата се сопственост на повеќе фирми од ЕУ. Ербас е компанија која го изработи најголемиот патнички авион во светото - Airbus А380 Super Jumbo. Станува збор за авион кој има две "палуби" по целата должина на трупот и е во состојба да прими преку 550 патници.

Наводи[уреди]