Оружје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пруски бајонет

Оружје претставува секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества, односно за уништување и онеспосубување други предмети или материјални добра поврзани со одредени луѓе или општества. Оружјето служи како за напад така и за одбрана, односно во случај на закани и заштити. Во поширока смисла секое средство (па и психолошко) со кое некому намерно се нанесува повреда или штета се нарекува оружје.

Поделба на оружјата[уреди]

За поделба на оружјата постојат различни критериуми, кои варираат од различни дефиниции или војни доктрини. Најпознато е она спрема намената, изворот на енергија или принципот на делување според кое оружјето се дели во десет главни групи:

Оружјето спрема потребниот број на луѓе се дели на индивидуално и колективно оружје, а според начинот на борба и употреба на нападно и одбрамбено оружје.