Акција (финансии)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Акција е хартија од вредност (која што можат да ја издаваат акционерско друштво и командитно друштво со акции) во којшто е преставен дел од основната главнина и во која се определуваат правата на акционерот кој, како сопственик на акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на друштвото. Или пак акцијата претставува документ за сопственост на средства вложени во акционерско друштво. Акциите можат да се тргуваат на берзите. Вредноста на акциите можат да растат, но можат и да опаѓаат. Па од тука доаѓа и самиот ризик за губење на вредноста на самите акции. Со акциите не може секој да тргува, со нив тргуваат брокери. Секој може да тргува со акциите во посредство на брокери.
Видови на акции [уреди]
Постојат обични и приоритетни акции. Обични се оние акции кои ги поседуваат сопственици кои имаат право на дивиденда и право на глас во собранието. Приоритетни, пак, се оние акции чии сопственици имаат првенство при наплата на дивиденда, предлагање членови во раководниот тим и најчесто немаат право на глас.
| Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |