17 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
17 декември е 351-иот ден во годината според григоријанскиот календар (352-и во престапна година). Остануваат 14 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1538 | Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија. |
| 1577 | По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи пацифичкиот брег на Америка. |
| 1903 | Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот. |
| 1970 | Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети. |
| 1991 | Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност. |
| 1993 | Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија. |
| 1989 | Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“. |
| 2005 | Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија. |
| 2004 | Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски. |
Родени:
| 1749 | Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. |
| 1770 | Лудвиг ван Бетовен, германски композитор. |
| 1903 | Џон фон Нојман, унгарско-американски математичар. |
| 1936 | Папа Франциск (како Хорхе Марио Бергољо), прв јужноамерикански и исусовски папа. |
| 1952 | Блаже Китанов, македонски поет. |
| 1973 | Пола Ретклиф, британска атлетичарка. |
| 1975 | Мила Јовович, американска актерка и модел. |
Починале:
| 1187 | Папа Григур VIII, римски папа. |
| 1897 | Алфонс Доде, француски писател. |
| 1273 | Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог. |
| 1830 | Симон Боливар, јужно-американски борец за независност. |
| 1933 | Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама |
| 1987 | Маргарет Јурсенар, француска писателка, романсиер, есеист, драматург. |
| 1881 | Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. |
| 1987 | Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. |
| 1907 | Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. |
| 1919 | Пјер Огист Реноар, француски сликар, еден од најголемите сликари на своето време. |
Празници:
| * | Бутан - Ден на нацијата. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |