19 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
19 декември е 353-иот ден во годината според григоријанскиот календар (354-и во престапна година). Остануваат 12 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1940 | Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша „Директивата број 1“, за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на Втората светска војна како „План Барбароса“. |
| 1942 | Во манастирот Св. Никола во с. Прилепец, прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Борбата на Прилепец, претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода. |
| 1991 | На патот Скопје - Белград загина Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија. |
| 1997 | Во Индонезија се урна авион „Боинг 737“ на сингапурската авиокомпанија „Силк ер“, кој летал од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица. |
Родени:
| 1849 | Филип V, шпански крал. |
| 1915 | Едит Пјаф, француска пејачка. |
| 1920 | Лазар Мојсов, македонски и југословенски политичар . |
| 1921 | Блаже Конески, македонски културен деец. |
| 1963 | Тил Швајгер, германски актер. |
| 1973 | Врбица Стефанов, македонски кошаркар. |
Починале:
| 1370 | Папа Урбан V, римски папа. |
| 1848 | Емили Бронте, англиска писателка. |
| 1907 | Димитар Поп-Георгиев Беровски, македонски револуционер. |
| 1951 | Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. |
| 1991 | Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на независна Република Македонија. |
| 2002 | Александар Сариевски, македонски пејач и композитор . |
| 2006 | Гоце Николовски, македонски пејач на народна музика. |
Празници:
| * | Св. Никола, православен верски празник. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |