28 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Декември 2014 28 декември е 362-иот ден во годината според григоријанскиот календар (363-и во престапна година). Остануваат 3 денови до крајот на годината.

Настани:

1895  Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908  Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1943  Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија.
1944  Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944  Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1995  Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „Скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД.
1997  Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг.

Родени:

1713  Никола Луј де Лакај — истакнат француски астроном.
1856  Вудро Вилсон — претседател на САД.
1887  Валтер Рутмангермански експериментален режисер.
1961  Бошко Ѓуровски — македонски фудбалер.

Починале:

1694  Марија II — кралица на Англија.
1703  Мустафа II — отомански султан.
1925  Сергеј Александрович Есенин — еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост.
1937  Морис Равел — француски композитор.
2001  Џемаил Максут — македонски театарски и филмски актер, познат по улогата на Црна Арапина.
2001  Атанас Петровски — македонски филмски режисер и продуцент.
2010  Атина Бојаџи — македонска маратонка во пливање.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември