2 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
2 декември е 336-иот ден во годината според григоријанскиот календар (337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1772 | Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска. |
| 1804 | Наполеон Бонапарт е крунисан за император на Франција. |
| 1805 | Наполеон Бонапарта ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа. |
| 1942 | Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба. |
| 1944 | Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје - Битола и Прилеп - Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, започната е новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница „Македонија сообраќај“ на 04.12.1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија. |
| 1946 | По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Псодери, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци. |
| 1956 | Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста. |
| 1993 | Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
| 1997 | Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар. |
Родени:
| 1728 | Фердинандо Галијани, италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството. |
| 1962 | Владо Бучковски, поранешен премиер на Република Македонија. |
| 1987 | Николас Еде, француски велосипедист. |
| 1989 | Матео Дармијан, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1470 | Пјеро ди Козимо де Медичи, владетел на Фиренца. |
| 1497 | Ана Сфорца, ќерка на Галеацо Марија Сфорца. |
| 1918 | Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател. |
| 1974 | Лајош Зилахи, унгарски писател. |
Празници:
| 1944 | Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија |
| * | Светски ден на укинување на ропството |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |