Моника Селеш

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Monica Seles interview.jpg

Моника Селеш (унгарски: Szeles Mónika, англиски: Monica Seles) е поранешна југословенско-американска професионална тенисерка, која еден период во својата кариера била светска тенисерка број 1. Родена е 2 декември 1973 година во Нови Сад, Србија во тогашната СФР Југославија. За време на својата кариера освоила 9 гренд слем турнири, станувајќи со само 16 и пол години најмлада тенисерка која го освоила Отвореното првенство на Франција во 1990 година. Била доминантна тенисерка во 1991 и 1992 година. Во четвртфиналето, во мечот меѓу Селеш и Магдалена Малеева, во Хамбург, 38-годишниот гледач, Гунтер Пархе, опсесивен обожавател на Штефи Граф, и забодува нож во грбот, по што таа прави двегодишна пауза од тенисот. Напаѓачот не добил затворска казна поради психичката состојба, но добил условна двогодишна казна со задолжително психолошко лекување. Поради овој инцидент се засилени сигурносните мерки на тениските турнири. Во 1995 година повторно му се враќа на тенисот, но не успева да го достигне успехот кој го имала во почетокот на 90-те години.