Нови Сад
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Нови Сад | |
|---|---|
Центарот на Нови Сад виден од Петроварадинската тврдина |
|
(Грб) |
(Знаме) |
| Општи податоци | |
| Име | Нови Сад |
| Површина | 699 km² |
| Население(2010) | 381.388 |
| Густина | 1,971 ж./km² |
| Надморска височина: | 80 m |
| Часовна зона | UTC+1 (CET) (Летно време: UTC+2 (CEST) |
| Градоначалник: | Игор Павличиќ |
| Веб-страница: | www.novisad.rs |
| Местоположба | |
| Држава: | |
| покраина: | Војводина |
| Управен округ: | Јужнобачки округ |
| Географски координати: |
45° 15′ 18′′ с.г.ш. 19° 50′ 41′′ и.г.д. |
| Ознаки на градот | |
| Автомобилска ознака: | NS |
| Повикувачки број: | 021 |
| Поштенски број: | 21000 |
Нови Сад (срп. Нови Сад/Novi Sad, унг. Újvidék, словач. Nový Sad, гер. Neusatz (an der Donau), лат. Neoplanta) е главен град на северната српска покраина Војводина и административен центар на Јужно-бачкиот округ. Нови Сад е поврзан со предградијата Сремска Каменица и Петроварадин, кои заедно со 13 други населени места (меѓу кои, Футог, Ветерник, Лединци и Буковац) се дел од новосадската општина.
Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград. На најновиот попис од 2010, градот има урбано население од 299.294, додека населението на општината е 381.388. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора. Надморската височина на рамничарскиот дел на градот е од 72 до 80 метри, а градот се наоѓа помеѓу 1.252 и 1.262 километар од течението на Дунав.
Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил прекарот Српска Атина. Денес, Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија; а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.
Етничкиот состав на населението е следниот: Срби (75,50%), Унгарци (5,24%), Југословени (3,17%), Словаци (2,41%), Хрвати (2,09%), Црногорци (1,68%) и останати. Во градот живеат и 910 Македонци (0,47%).
|
|
|||||
|
|
|||||