Брег (река)

Координати: 47°57′04″N 8°31′14″E / 47.9509944° СГШ; 8.5204778° ИГД / 47.9509944; 8.5204778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брег
Breg
Изворот на Брег — географски извор на Дунав
Местоположба
ЗемјаГерманија
ПокраинаБаден-Виртемберг
ОкругШварцвалд-Бар
Назнака.DE: 1111
Физички особености
Извор 
 • местоКапела „Св. Мартин“, 6 км северозападно од Фуртванген
 • координати48°05′43″N 8°09′18″E / 48.0953361° СГШ; 8.1549111° ИГД / 48.0953361; 8.1549111
 • надм. вис.1.078 м
Устие 
 • место
Спој со Бригах образувајќи го Дунав источно од Донауешинген
 • координати
47°57′04″N 8°31′14″E / 47.9509944° СГШ; 8.5204778° ИГД / 47.9509944; 8.5204778
 • надм. вис.
672 м
Должина46,153 км [1]
Големина на сливот291,5 км2 [2]
Проток 
 • местокај Донауешинген
 • просечен5,95 м3
Особености на сливот
ТечениеДунавЦрно Море
ЗнаменитостиГратчиња: Фуртванген, Ференбах, Бројнлинген, Хифинген, Донауешинген
Спојот на Брег со Бригах (позади десно), создавајќи го Дунав (напред десно)

Брег (германски: Breg) — река во Баден-Виртемберг, Германија и главен извор на Дунав. Долга е 46 км.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката Брег е најдолгиот и најголем водотек кој го образува Дунав. Тече низ југоисточниот дел на Среден Шварцвалд и низините во регионот Бар.

Извира на надморска висина од 1.078 метри, 6 км северозападно од Фуртванген. Нејзиниот извор се наоѓа кај капелата „Св. Мартин“ и е наречен „Извор на Дунав“ (Donauquelle), заштитен како споменик на природата. На околу 100 м југоисточно од ова место е големата европска вододелница Рајна/Дунав. 900 метри понатаму е изворот на Елц, кој тече во истата надолжна долина но првично во спротивна насока, за потоа да се влее во Рајна.

Во горниот дел, наречена „Мачкина Угорница“ (Katzensteig), долината на Брег е производ на глацијација, со исклучително низок наклон и предели со шварцвалдски куќи. Тече на исток низ широка и понаселена долина меѓу гратчињата Фиртванген и Деренбах, а потоа свртува на североисток и тече низ осамена шумовита долина, заедно со пат и поранешна железничка линија, денес прилагодена во велосипедска патека. Накратко пред Хамерајзенбах-Брегенбах, во Брег се влева реката Линах веднаш под неговата брана, а во селото кај Хамербах се влева кратка притока која е сепак најважна поради двата големи дотеци. Близу Бројнлинген, Брег се спојува со потокот Ретенбах во вештачкото Кирнбершко Езеро. Овде реката го напушта Шварцвалд и преку Хифинген продолжува кон Донауешинген, течејќи низ пространи предели на висорамнината на Бар.

По 46,2 км Брег се слева со Бригах во Донауешинген и така настанува Дунав. Изворот на Брег хидрографски се смета за извор на Дунав бидејќи Брег е неговата најдолга и најполноводна напојница, со сливна површина од 291,5 км2.

Притоки[уреди | уреди извор]

Ова е список на поважните притоки на Брег, леви (Л) и десни (Д).
  • Шиценбах (Л)
  • Хинтере Брег (Д)
  • Рорбах (Л)
  • Лангенбах (Л)
  • Линах (Д)
  • Хамербах (Д) со горните теченија на Ајзенбах и Урах
  • Форбах (Л)
  • Колдобелбехле (Л)
  • Рајхенбехле (Д)
  • Вајхербах (Л)
  • Ландграбен (Д)
  • Ретенбах (Д)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Должината се води според слојот Gewässernetz (AWGN) на семрежната карта на LUBW.
  2. Сливот е пресметан од слојот Aggregierte Gebiete 05 (AWGN) на семрежната карта на LUBW.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]