Лех (река)

Координати: 48°44′6″N 10°56′11″E / 48.73500° СГШ; 10.93639° ИГД / 48.73500; 10.93639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лех
Басенот на Лех
Местоположба
ЗемјаГерманија, Австрија
Физички особености
Извор 
 • местоСеверни Варовнички Алпи
 • надм. вис.1,865 метарs (6,119 ст)
Устие 
 • место
Дунав
 • координати
48°44′6″N 10°56′11″E / 48.73500° СГШ; 10.93639° ИГД / 48.73500; 10.93639
Должина255.3 kм (158.6 ми) [1]
Големина на сливот3,919 km2 (1,513 ми) [1]
Проток 
 • просечен115 m3/s (4,100 cu ft/s)
Особености на сливот
ТечениеДунавЦрно Море

Лех (лат.: Licus, Licca) е река во Австрија и Германија. Таа е десна притока на Дунав со 255 километри во должина со дренажен слив од 3.919 квадратни километри. Нејзиниот извор се наоѓа во австриската покраина Предарлска, каде што реката се издига од езерото Формаринзе во Алпите на надморска височина од 6,120 стапки (1,870 м). Се протега во насока север-североисток и ја преминува германската граница, формирајќи го водопадот Лехолд, висок 12 метри. Потоа реката влегува во тесна клисура. Оставајќи ги Алпите, влегува во рамнините на Алгој во Фисен на надморска височина од 2,580 стапки (790 м) во германската држава Баварија, каде што некогаш била локацијата на границата со Швабија. Реката поминува низ градот Фисен и преку Загензее, вештачко езеро кое е исушено во зима. Тука формира брзаци и водопад.

Реката тече понатаму кон север низ регионот наречен Лехреин и ги поминува градовите Шонгау, Ландсберг, Аугсбург пред да се влее во Дунав веднаш под Донаурот на височина од 1,330 стапки (410 м). Таа не е пловна, поради нејзиниот пороен карактер.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Написи од 8 и 7 век п.н.е. докажуваат дека името на реката првпат се споменува во името на келтското племе Лицити. Самата река се нарекувала Ликиос или Ликија во 2 век. Околу 570 година името Личка се наоѓа во евиденција. Во 8 век се појавиле имиња како Леха и Лех. Поимот Лиус сè уште се користел во 1059 година.

Името стои аналогно на велшкиот збор llech ("камена плоча") и бретонскиот збор lec'h ("надгробен споменик"). Во овој контекст, значењето на зборот "Лех" се објаснува како "камениот".[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во повеќе од една прилика, на бреговите на оваа река се случиле историски настани.

Хидроелектрични централи[уреди | уреди извор]

Во моментов, на Лех има 33 хидроцентрали.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Complete table of the Bavarian Waterbody Register by the Bavarian State Office for the Environment (xls, 10,3 МБ)
  2. "Wolf-Armin Frhr. v.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]