Предарлска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Предарлска (гер. Vorarlberg) е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот краен западен дел. Има население од околу 370.000 жители. Главен град е Брегенц.

Положба[уреди]

Предарлска го зазема крајниот западен дел на Австрија. Покраината се граничи со:

Географија[уреди]

Зафаќајќи поовршина од 2.601 квадратен километар, таа е осма по големина покраина во Австрија. Според рељефот, најголем дел зафаќаат планините, во случајов Алпите, додека пак во западниот дел на покраината е долината на реката Рајна, на 400 - 600 м.н.в. Климата, поради планинските предели е во најголем дел континентална, само на повисоките предели е планинска, додека пак покрај долината на Рајна е малку поблага. Водите играат значаен дел во Предарлска, најмногу реката Рајна, и секако, на север големото значајно Боденско Езеро.